Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Конференција на „Блумберг Адрија“: Развојот на новите технологии ќе донесат поголеми промени отколку во претходните 100 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Конференција на „Блумберг Адрија“: Развојот на новите технологии ќе донесат поголеми промени отколку во претходните 100 години
ЕКОНОМИЈА

Конференција на „Блумберг Адрија“: Развојот на новите технологии ќе донесат поголеми промени отколку во претходните 100 години

Објавено October 29, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Развојот на новите технологии и промените што се случуваат во глобалната економија ќе донесат поголеми промени, отколку  во претходните 100 години,  порача директорката за содржина на „Блумберг Адрија“ Јелисавета Лазаревиќ на отворањето на конференцијата на тема „Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“.

-Кога зборуваме за бизнис, всушност зборуваме за фактот дека дефинитивно живееме во свет каде што во наредниот период развојот на новите технологии и промените што се случуваат во глобалната економија ќе донесат поголеми и побрзи промени отколку што беше случај во претходните 100 години. Во такво опкружување на несигурност и брзи промени, „Блумберг Адрија“ всушност има за цел да обезбеди напредок и всушност претставува место кое дава можност за напредок, посочи Лазаревиќ.

„Блумберг Адрија“, додаде, е мултимедијална платформа која е присутна во Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, на која работат 130 новинари од целиот јадрански регион.

-Можност за напредок обезбедуваме првенствено преку нашата содржина, која е сеопфатна и присутна на различни платформи, и која овозможува на нашите корисници, да пристапат до таа содржина, односно содржина, на начин што ви одговара во време кое вам ви одговара. „Блумберг Адрија“ е всушност мултимедијална платформа која е присутна на пет страници за пребарување, овде во Македонија, потоа во Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина. Имаме наш веб, односно дигитален портал, каде што сите теми кои се глобални, регионални и локални се покриени на начин кој секогаш дава подлабок увид, а на сите овие теми работат 130 новинари од целиот јадрански регион, рече Лазаревиќ.

Она што ја разликува платформата од сите останати на пазарот, Лазаревиќ вели е аналитичкиот тим, за кој вели обезбедува дополнителна анализа и проекција на секоја економска вест и информација.

Претходно, на конференцијата се обрати премиерот Христијан Мицкоски кој истакна дека целта на Владата е да создаде драјвер на економијата преку реализација на капитални инвестиции и вложувања од страна на компаниите во сопствени основни средства за работа.

-На тој начин очекуваме да се зголеми продуктивноста, а со зголемување на продуктивноста да се обидеме и да го зголемиме приходот и да ги подобриме перформансите на економијата. Затоа ние многу внимателно пристапуваме и затоа многу внимателно планираме да ги трошиме средствата коишто ги заработуваме и во централниот буџет, но и позајмуваме. И тоа треба да бидат трошења само во насока на вложување во инвестиции, не во јавна потрошувачка, туку во инвестиции, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, не може еден систем кој е граден со децении да се промени преку ноќ и како што рече, потребно е време за да се појави нова опција за економијата на земјава целосно да не зависи од случувањата во Германија. Вели земјава нема голем број на природни ресурси на располагање, односно нема нафта, гас, а ниту пак, рече, ние сме држава која излегува на море. Според него, потребно е земјава да ги реализира нејзините стратешки цели, односно својот недостаток да го претвори во предност, а тоа е, рече, земјава да стане крстосница на транспортниот, железничкиот и енергетскиот коридор во овој дел од Европа.

Потенцира дека тоа е можно бидејќи земјава е природна раскрсница на два многу значајни европски коридори, коридорите 8 и 10.

За средствата од унгарскиот кредит од половина милијарда евра кои веќе се легнати на сметката на Народната банка рече дека половина ќе бидат за компаниите, односно кредити за компаниите, останатите средства ќе бидат за капитални инвестиции, дел за општините, дел за централната Влада.

-Веќе сме во преговори со банките како овој процес ќе функционира во пракса за да останат истите услови. Морам да кажам дека почетоците на овие преговори не се онакви какви што ние очекувавме, но тоа што е. Ќе разговараме со банките па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Но, во секој случај компаниите ќе ги имаат истите услови коишто ги имаше оној заем, односно 3,25 проценти камата, 3 години грејс период и период на отплата до 12 години, појасни Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манчестер јунајтед си купи тренер за 10.000.000 евра
Следна Статија Три жени кршеле во угостителски објект, ги нападнале и газдите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Проф. Петрески: Владата треба да направи стратегија за прилагодување кон американските царини

Економистот и универзитетски професор Марјан Петрески во гостување на ТВ „24“ рече дека е потребно Владата да разговара со претставници…

April 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Производите од новогодишната кошница поевтиниле за 10 проценти, регистрирани ситни забелешки, уверуваат Дурмиши и Стојкоски

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет

Имаме две добри вести, првата е дека конечно ќе се воспостави директна линија од Скопје до Амстердам, што е огромна…

January 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Хотелиерите во Охрид, Преспа и Дојран во август инкасирале најмалку 25 милиони евра

Оваа година хотелиерите и угостителите во земјава се задоволни од летната туристичка сезона. Тоа го покажуваат податоците на Државниот завод…

October 21, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?