Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сопругот на Ивана ќе одговара за тешко насилство и наведување на самоубиство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Сопругот на Ивана ќе одговара за тешко насилство и наведување на самоубиство
ХРОНИКА

Сопругот на Ивана ќе одговара за тешко насилство и наведување на самоубиство

Објавено March 7, 2026 13:53
Сподели
Сподели

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка и предложи мерка притвор за едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела наведување на самоубиство, помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста.

Според обвинението, во периодот од 2019 година до 2 март оваа година, осомничениот, сопруг на оштетената Ивана Јовановски, со која бил во бракоразводна постапка, континуирано ја физички и психички малтретирал – ја навредувал, тепал, понижувал и ѝ нанесувал видливи повреди. Најавите за насилството биле пријавувани од оштетената и други очевидци во надлежните институции.

Во критичниот ден, Ивана Јовановски се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, земајќи го во раце и детето, со што скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој живееле. Двете починале на лице место. Претходно, осомничениот се заканувал и физички ја нападнал оштетената близу нејзиното работно место, како и во автомобил на пат кон Основниот кривичен суд Скопје, предизвикувајќи кај неа чувство на страв и несигурност. По враќањето во домот, додека се подготвувала да ја однесе ќерката кај мајка ѝ, таа извршила самоубиство. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување притвор, со оглед на опасноста од бегство, можност за влијание врз сведоци и вештаци, како и ризикот осомничениот повторно да изврши кривично дело. Обвинителството продолжува да прибира докази за овој комплексен настан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Capcom Spotlight Taking Place Later This Week, Here’s A Teaser Trailer – Nintendo Life
Следна Статија GW sold Virginia campus for $427 million to Amazon for data center development – The GW Hatchet

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Претседателот на Советот за надзор на ревизијата од државни пари плаќал хотели, ресторани, алкохол, кафе….

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен предлог против едно лице на кое му се…

July 23, 2025
ХРОНИКА

Малолетнички возеле нерегистран мопед и направиле сообраќајка

Вчера во 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат од с.Извор кон с.Јасеново, општина Чашка, се…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Почина младиот фудбалер Виктор Боневски по тешка битка со болеста

Почина 21-годишниот Виктор Боневски, кој се бореше со малигна неоплазма на абдоменот. Тој беше опериран, но за жал, ја изгуби…

August 18, 2025
ХРОНИКА

КАКО ВО ЛОША ТУРСКА СЕРИЈА: Родители ги дале двете малолетни ќерки, едната била силувана и родила дете

Полицијата им поднесе кривични пријави на родители од Делчево кои ги дале двете малолетни ќерки да живеат со многу повозрасни…

April 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?