Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади
СВЕТ

Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади

Објавено March 7, 2026 14:57
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека Иран бил жестоко нападнат, тврдејќи дека Техеран бил принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади.

Трамп вели Иран им се извинил на своите соседи на Блискиот Исток и ветил дека нема повторно да ги нападне.

– Ова ветување е дадено само поради континуираните напади на САД и Израел, напиша Трамп.

Тој додаде и дека Иран претходно се обидел да ја преземе контролата врз Блискиот Исток, но сега, како што тврди, за прв пат во својата историја е поразен од соседните земји.

Во објавата, Трамп употребува остра реторика, нарекувајќи го Иран поранешен „насилник на Блискиот Исток“, кој сега стана „губитник во регионот“.

Тој се заканува и со нови напади, наведувајќи дека се разгледуваат дополнителни цели кои претходно не биле на листата.

– Поради лошото однесување на Иран, сериозно се разгледува целосно уништување на одредени области и групи кои до овој момент не се сметаа за цели, наведува Трамп.

Неговата објава доаѓаат откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан претходно изјави дека Техеран одлучил да ги прекине нападите врз соседните земји, освен ако нападите врз Иран не бидат извршени од нивна територија.

Во исто време, Иранската револуционерна гарда (ИРГК) предупреди дека сите американски и израелски воени бази и интереси во регионот ќе се сметаат за примарни цели доколку продолжат нападите врз Иран.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Најбрзиот американски бомбардери Б-1 Лансер пристигнаа во Британија
Следна Статија Германија предупредува на нов бран миграција поради војната со Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Нова катастрофа во Турција, се урна зграда, луѓе останаа заробени под урнатините

Трикатница на улицата Бејшехир во турскиот град Коња се урнала околу 20 часот и 10 минути од засега непозната причина.…

January 25, 2025
СВЕТ

Канада и’ даде дозвола на Neuralink на Маск за чипирање човечки мозоци

Компанијата на Маск, Neuralink, започнува со клинички испитувања на импланти на мозочни машини на квадриплегичари во Канада. По првите клинички…

November 22, 2024
СВЕТ

Израелците масовно купуваат храна и вода: се подготвуваат за иранска одмазда

Репортерот на Би-Би-Си од Ерусалим известува дека Израелците масовно почнале да купуваат храна и вода, а полиците во супермаркетите брзо…

June 13, 2025
СВЕТ

(Видео) Во Њујорк се урна дел од облакодер, се сомнева на експлозија поради гас

Во њујоршката населба Бронкс утрово делумно се урна облакодер, а првичните информации укажуваат на експлозија на гас како можен причинител,…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?