Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО: Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, Ивана се заклучила и го извршила самоубиството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ОЈО: Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, Ивана се заклучила и го извршила самоубиството
ХРОНИКА

ОЈО: Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, Ивана се заклучила и го извршила самоубиството

Објавено March 7, 2026 20:29
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против Стојанче Јовановски, за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128, став 4, Телесна повреда од член 130, став 2, во врска со став 1 и Загрозување на сигурноста од член 144, став 3, во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Неговата сопруга, 31-годишната Ивана, на 2 март околу 14 часот си го одзеде животот, скокајќи заедно со своето 6-годишно дете од тераса на висококатница во скопски Карпош.

„Од кривичната пријава, како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година до 2 март, кога оштетената, сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг, со кого била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и ѝ нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани, сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции. Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на нејзиниот сопруг се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, поради што сега починатата се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, го зела во рацете детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место“, соопшти денеска ОЈО Скопје.

На критичниот момент претходеле неколку настани. Осомничениот прво се заканувал и ја удирал оштетената во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека со автомобил управуван од трето лице се возеле кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да ѝ се заканува дека ќе ја убие, со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност. Во близина на судот физички ја нападнал и ѝ нанел телесни повреди, хематоми по главата и телото.

Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот, за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка ѝ. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и оттаму го извршила самоубиството.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, на кого врз основа на обезбедените докази до овој момент му се ставаат на товар неколку дела кои се гонат во скратена постапка. Обвинителството продолжува да прибира докази за овој комплексен настан, па поради опасноста од бегство на осомничениот, можноста за влијание врз сведоци и вештаци и веројатноста тој повторно да врши кривични дела, надлежниот јавен обвинител оцени дека притворската мерка е неопходна за негово обезбедување во текот на постапката“, додаваат од ОЈО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По нападите Кипар бара членство во НАТО
Следна Статија Осумдневен притвор за Стојанче, осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Жена силувана во кривопаланечко село

На 21.01.2025 во 11:10 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Р.Ѓ.(55) од кривопаланечко село, постапувајќи…

January 22, 2025
ХРОНИКА

Брат на жртва од „Пулс“ сведочеше за трагичната вечер, работел како келнер

Кристијан Панов, невработен млад човек кој повремено работел како келнер во дискотеката „Пулс“, денеска сведочеше за функционирањето на дискотеката и…

January 26, 2026
ХРОНИКА

ДЕТАЛИ ЗА НАЈНОВАТА АКЦИЈА: 20 лица под истрага за штета на државниот буџет за близу 5 милиони евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до…

January 16, 2026
ХРОНИКА

Почина новинарката Валентина Базерко

Вчера, на 62 годишна возраст почина новинарката Валентина Базерко. Новинарската кариера ја започна во „Млад борец”, а потоа самопрегорно работеше…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?