Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Исплатата на пензиите и платите е во ризик, буџетската дупка е две милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Исплатата на пензиите и платите е во ризик, буџетската дупка е две милијарди евра
ПОЛИТИКА

Филипче: Исплатата на пензиите и платите е во ризик, буџетската дупка е две милијарди евра

Објавено March 9, 2026 09:22
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, предупреди дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат сериозни проблеми во јавните финансии, што веќе се одразува и врз работењето на компаниите.

„Ја следиме ситуацијата со финансиите. Бладата бара заеми. Последниот е околу 300 милиони евра. Дупката во Буџетот е некаде околу две милијарди евра. Една милијарда евра се издаде еврообврзница, меѓутоа тоа не е доволно”, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ посочи дека власта доцнела во подмирување на обврските, што веќе негативно се одразува врз приватниот сектор.

„Се доцни со исплатата кон економските субјекти, некаде околу 500-600 милиони евра. Околу 100 милиони евра е долгот по основ на повратот на ДДВ за компаниите. Има компании кои што затвораат не можат да издржат, земаат кредити. Живееле луѓето од повратот на ДДВ, од тие пари, сега земаат кредити, заглавуваат и компаниите ги затвораат”, рече Филипче.

Тој додаде дека владата ја става во ризик и исплатата на платите и пензиите, а економската состојба со вака поставени економски параметри дополнително ќе се влоши наесен поради случувањата на Блискиот Исток.

„Под сериозен знак прашање е редовната исплата на платите и на пензиите. И некаде на есен се ова кога ќе се наталожи уште повеќе со енергетската криза која што очигледно дека скоро нема да спласне, поради случувањата на Блискиот Исток, со актуелната финансиска криза, со долговите, со дупката во Буџетот, со дупката во Фондот за пензиско осигурување, со барањата заеми, наесен оваа економска состојба во земјава ќе биде блиску до катастрофа”, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски најави реакција по забраната за влез на Менкиновски во Бугарија
Следна Статија Турција испраќа шест борбени авиони Ф-16 на турскиот дел од Кипар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сиљановска смета дека Филипче направил грешка што не отиде на лидерска среба

Неучеството на Филипче претседателката Сиљановска го гледа „како негова грешка“ затоа што, посочи, „доби покана“. – Подобро е да седнете…

January 17, 2026
ПОЛИТИКА

Филков до Тренчевска: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ за Извештајот на Европската комисија за…

November 18, 2025
ПОЛИТИКА

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако…

January 16, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави стратегијата „Македонија 2030“

Македонија до 2030 година да стане земја на стабилност и институционална зрелост, со идентитет што се почитува, е главната цел…

December 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?