Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот
ЕКОНОМИЈА

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот

Објавено March 9, 2026 12:12
Сподели
Сподели

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и членови на неговиот кабинет во наредните три дена ќе престојуваат во САД, каде што е предвидено да има средби во Светска банка и Стејт Департментот, информираат од ресорното министерство.

На годишниот форум насловен како ,,Transforming Transportation 2026″, Николоски ја има честа да се обрати како еден од главните говорници.

Николоски е предвидено да има свое обраќање на главната пленарна сесија заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас. Вицепремиерот Николоски ќе зборува на тема ,,Коридори за одржливо поврзување” каде што ќе се стави акцент на стратешките Пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планирата изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8.

За време на настанот предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата, Министерството за транспорт во партнерство со Банката.

Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт Департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата.

За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Live Updates: Hegseth says U.S. “just getting started” in Iran war as conflict intensifies and spreads – CBS News
Следна Статија The new MacBook Air debuts with a $50 gift card as the M4 model hits its best price – The Verge

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од полноќ бензините и дизелот поскапуваат за 2 и 2,5 денари по литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2 и за 2,5 денари по литар. Регулаторната комисија за енергетика ги донесе…

May 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Преку Совет за даночна усогласеност до директна соработка со мали и средни компании

Управата за јавни приходи (УЈП), во соработка со претставници на Стопанските комори, Коморите на сметководители, Адвокатската комора, ревизорски куќи и…

December 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Дел од маркетите имаа „шпекулативно однесување“

Во однос на минатогодишната ситуација и „картелското здружување“ на повеќе маркети во државата, Николоски потсети дека тоа на крајот го…

April 9, 2026

Инфлацијата во Кина помала од очекуваното во јануари, додека дефлацијата на производните цени продолжува

Инфлацијата на потрошувачките цени во Кина порасна помалку од очекуваното во јануари, истовремено задржувајќи ја дефлацијата на производните цени.

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?