Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет, евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет, евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет, евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

Објавено March 9, 2026 14:30
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната тематска прес-конференција во Владата информираше за текот на евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет на институциите.

„Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток воспоставивме постојан кризен механизам. Преку кризен штаб и дипломатско-конзуларните претставништва бевме во 24-часовна комуникација со македонските државјани, со јасна цел – нивна безбедна, навремена и организирана евакуација“, изјави Муцунски.

Тој посочи дека станува збор за трета сложена операција од ваков обем во последните 12 месеци, по трагедијата со пожарот во Кочани и првата ескалација на конфликтот Израел–Иран.

„Ова уште еднаш ја потврдува подготвеноста и институционалниот капацитет на државата да реагира брзо, координирано и одговорно во кризни ситуации“, истакна министерот.

Муцунски информираше дека евакуацијата од Израел е успешно реализирана за сите лица кои изразиле подготвеност да ја напуштат државата по копнен пат. Пет лица биле евакуирани со владиниот авион преку Шарм ел-Шеик, додека за шест лица дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив и Каиро асистирале во организацијата на нивното враќање со комерцијални летови.

Во однос на Обединетите Арапски Емирати, министерот соопшти дека веќе е реализиран лет со 151 патник, меѓу кои и странски државјани.

„Во моментов во оваа земја се евидентирани уште околу 430 македонски државјани, а во текот на оваа недела се планирани уште два лета“, рече Муцунски.

Дополнително, во Доха се евидентирани 162 лица, од кои 89 изразиле подготвеност за евакуација, додека во Кувајт се пријавени 36 лица, во Бахреин 15, а во Кралството Саудиска Арабија 5 лица. За нив е предвиден организиран транспорт до Ријад како централна точка за собирање, по што ќе следува директен лет кон Скопје.

„Динамиката е јасна – до средината на оваа недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои побарале извлекување“, нагласи министерот.

Муцунски воедно изрази жалење што дел од медиумите пласирале непроверени информации и дезинформации во чувствителен момент за граѓаните.

„Ширењето лажни вести создава непотребна паника, ја поткопува довербата во институциите кои деноноќно работат за безбедноста на граѓаните и може да го наруши меѓународниот углед на државата“, посочи тој.

На крајот, министерот повтори дека Македонија недвосмислено ги осудува нападите врз своите партнери и ги повика сите страни на почитување на меѓународното право.

„Ќе продолжиме да постапуваме одговорно, транспарентно и координирано – сè додека и последниот македонски државјанин што побара помош не биде безбедно вратен дома“, истакна Муцунски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија RFK Jr.’s dunk on Dunkin’ riles up New Englanders: ‘Come and take it’ – The Washington Post
Следна Статија macOS Will Alert You to MacBook Neo’s USB-C Port Limitation – MacRumors

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Водата во „Димо Хаџи Димов“ е исправна, соопштија од Водовод

Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопски Карпош е санитарно исправна и може непречено да се употребува, покажаа…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се роди белоглав мршојадец во скопската зоолошка градина

Среќни сме што после три години повторно имаме бебе белоглав мршојадец, се вели во Фејсбук статусот на скопскаата зоолошка градина.…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите

Уставниот суд поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување,…

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавено видео од инцидентот на Данела Арсовска при увид на локација во Чаир

На социјалните мрежи е објавено видео од случувањата од инцидентот во Чаир во кој учествувала градоначалничката на град Скопје, Данела…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?