Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција
СВЕТ

НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција

Објавено March 9, 2026 16:15
Сподели
Сподели

Балистичка ракета испалена од Иран е соборена во турскиот воздушен простор, соопшти турското Министерство за одбрана.

Според соопштението, ракетата била пресретната од НАТО системите за противвоздушна одбрана распоредени во источниот Медитеран.

Остатоците од ракетата паднале на празни полиња во областа Газиантеп, на југоистокот од Турција, при што нема информации за повредени или материјална штета.

„Уште еднаш нагласуваме дека против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја ќе бидат преземени сите неопходни чекори, решително и без двоумење“, соопшти турското Министерство за одбрана.

Ова е втор ваков инцидент во рок од една недела. Во четвртокот Анкара објави дека НАТО системите за одбрана пресретнале балистичка ракета која се движела кон турскиот воздушен простор.

Техеран тогаш негираше дека ракетата била испалена од Иран.

Инцидентот предизвика реакција и од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој изјави дека активирањето на членот 5 од Северноатлантскиот договор засега не е на дневен ред.

Членот 5 предвидува дека вооружен напад врз една членка на НАТО се смета за напад врз целиот сојуз, по што останатите членки преземаат мерки за помош на нападнатата држава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осум пријавени, а шест повредени лица за семејно насилство
Следна Статија Животот во Македонија поскапе за 2,9%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Почина патник на летот од Њујорк за Белград

Авион во кој загина маж слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Според првите неофицијални информации, мажот починал од природна…

January 5, 2025
СВЕТ

Лоша карма: Кој се слика со Зеленски станува поранешен

Победата на Доналд Трамп не беше со воодушевување примена кај претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Од помошта на САД зависи…

November 7, 2024
СВЕТ

Гласачка машина во Кентаки ОДБИВА да им дозволи на гласачите да го изберат името на Трамп, наместо тоа автоматски ја избира Камала Харис (ВИДЕО)

Гласачка машина во Кентаки ОДБИВА да им дозволи на гласачите да го изберат името на Трамп, наместо тоа автоматски ја…

November 1, 2024
СВЕТ

Објавени илјадници документи за атентатот врз Мартин Лутер Кинг

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објавува повеќе од 230.000 страници класифицирани архиви за атентатот врз Мартин Лутер Кинг во…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?