Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Знаете ли кои две земји ќе преживеат нуклеарка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Знаете ли кои две земји ќе преживеат нуклеарка
СВЕТ

Знаете ли кои две земји ќе преживеат нуклеарка

Објавено March 9, 2026 17:33
Сподели
Сподели

 – Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот, најлош можен исход, само две земји – Австралија и Нов Зеланд би имале долгорочна шанса за преживување. Новинарката и истражувачка Ени Јакобсен ги дискутира можните последици од нуклеарна војна во својот подкаст, но и во книгата „Нуклеарна војна: Сценарио“, во којашто опишува како би можел да изгледа таков судир. Според нејзините проценки, огромен број луѓе би умреле во првите 72 минути по првиот нуклеарен напад.

Предупредувањето доаѓа во време кога расте набојот на Блискиот Исток, со САД, Израел и Иран во конфликт што би можел да прерасне во нуклеарна војна.

Светски нуклеарен судир би убил стотици милиони луѓе во самите почетни детонации. Луѓето кои ќе ги преживеат првичните нуклерани експлозии, би се соочиле со долгорочни последици коишто би можеле да бидат подеднакво катастрофални.

Од последиците, можеби најтешка би била тн. „нуклеарна зима“. Јакобсен објасни дека области како американската држава Ајова или Украина би биле покриени со снег со години, што би го оневозможило одгледувањето храна. Освен тоа, чадот и пепелта од експлозиите би ја покриле атмосферата, температурите би паднале, озонската обвивка – долгорочно оштетена, а земјоделството низ целиот свет речиси целосно би пропаднало во период од околу 10 години. Се проценува дека тие неколку години, околу пет милијарди луѓе би можеле да умрат од гладта, зрачењето и од пропаста на општествените системи.

– Кога земјоделството ќе пропадне, луѓето едноставно почнуваат да умираат… Австралија и Нов Зеланд би имале најголеми шанси за преживување поради нивната географска изолација и климатските услови. Во овие делови од светот, последиците од „нуклеарната зима“ би биле поблаги, а земјоделството би можело да преживее, за разлика од повеќето други делови од нашата планета каде што земјоделските култури би пропаднале, предупреди Јакобсен.

Сепак, животот таму не би бил лесен. Во тој постапокалиптичен свет, луѓето би морале да живеат во сурови услови, со ограничени ресурси и постојана борба за храна. Многумина веројатно би се засолниле и би живееле под земја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „ЕУ веднаш да ја укине забраната за увоз на руска нафта и гас, за да се спречи раст на цените на енергенсите“
Следна Статија The new MacBook Air debuts with a $50 gift card as the M4 model hits its best price – The Verge

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Газа може да стане Виетнам за Израел, расте светската осуда

Израелскиот министер за финансии од крајната десница побара од премиерот Бенјамин Нетанјаху да го откаже својот план за заземање на…

August 10, 2025
СВЕТ

(Видео) Сите гледаат во нозете на Путин: „Тој се бори да ја одржи контролата“, се огласи и Кремљ

Нозете на Владимир Путин повторно се во очите на јавноста, откако на снимката од јавен настан се гледа како тие…

December 4, 2024
СВЕТ

Маск: Жал ми е за некои од моите објави за Трамп, отидоа предалеку

Илон Маск, милијардер и поранешен раководител на Канцеларијата за владина ефикасност во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, се огласи…

June 11, 2025
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Мауле во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил на…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?