Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кој е новиот водач на Хезболах: Касем носи бел турбан на главата,сите негови претходници носеа црни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кој е новиот водач на Хезболах: Касем носи бел турбан на главата,сите негови претходници носеа црни
СВЕТ

Кој е новиот водач на Хезболах: Касем носи бел турбан на главата,сите негови претходници носеа црни

Објавено October 29, 2024 17:32
Сподели
Сподели

Либанското шиитско движење Хезболах го именуваше својот заменик-лидер Шеик Наим Касем за нов генерален секретар, наследувајќи го долгогодишниот лидер Сајед Хасан Насрала, кој беше убиен во израелски напад врз Бејрут минатиот месец.

Заменик-генералниот секретар на Хезболах, Шеик Наим Касем е висока личност во движењето, кое го поддржува Иран повеќе од 30 години.

Говорејќи од непозната локација на 8 октомври, Касем рече дека конфликтот меѓу Хезболах и Израел е војна за „кој прв плаче“ и како што рече тогаш „Хезболах нема да плаче прв“. Тој рече дека способностите на групата остануваат недопрени и покрај „болните удари“ на Израел.

Во 1991 година, Касем беше назначен за заменик-шеф на Хезболах од тогашниот генерален секретар на вооружената група Абас ал-Мусави, кој беше убиен во напад на израелски хеликоптер во 1992 година.

Тој беше првиот член на највисокото раководство на Хезболах кој даде телевизиски изјави по убиството на Насрала во израелскиот воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут на 27 септември, особено областа Дахија.

Наим Касем е роден во 1953 година во Бејрут во семејство од југот на Либан и неговиот политички активизам започна со либанското шиитско движење Амал.

Тој ја напушти групата во 1979 година по Иранската исламска револуција, која го обликуваше политичкото размислување на многу млади либански шиитски активисти

Касем учествуваше на состаноците што доведоа до формирање на Хезболах, основан со поддршка на Иранската револуционерна гарда како одговор на израелската инвазија на Либан во 1982 година.

Интересно е тоа што Касем носи бел турбан за разлика од Насрала и Сафиедин, чии црни турбани го означуваат нивниот статус на потомци на пророкот Мухамед.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клиниката за торакална и васкуларна хирургија се стекна со статус на акредитирана здравствена установа
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Нема причина за сомнеж, капиталните инвестиции се реални и ќе бидат реализирани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зараза на луксузен брод за крстарење кај Белгија: „Патниците паѓаа како муви“

Патник на крстаречкиот брод P&O Iona изјави за „Скај Њуз“ дека „патниците паѓаат како муви“, додека P&O потврди дека некои…

February 23, 2025
СВЕТ

По шест месеци ќе ни треба дигитална виза за влез во земјите на ЕУ

Советот на ЕУ денеска во последна фаза ја усвои Регулативата за постепено воведување на новиот Систем за дигитално управување за…

July 18, 2025
СВЕТ

За Русија поразот на Орбан ќе го забрза распаѓањето на ЕУ

Распаѓањето на Европската Унија само ќе се забрза по поразот на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан на парламентарните…

April 15, 2026
СВЕТ

Winapp: Нов командно-линиски алат на Microsoft за програмери

Microsoft претставува иновативна алатка за развој кој ќе го олесни работењето на програмерите

January 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?