Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски – Мизо: 55 отсто од странските инвеститори планираат повторни вложувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски – Мизо: 55 отсто од странските инвеститори планираат повторни вложувања
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски – Мизо: 55 отсто од странските инвеститори планираат повторни вложувања

Објавено March 11, 2026 16:46
Сподели
Сподели

Македонската економија се движи кон состојба на консолидирање, 55 отсто од странските инвеститори планираат повторни вложувања, порачаа денеска премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Советот на странски инвеститори во земјава, Виктор Мизо, по состанокот во Стопанската комора.

– Имавме плодна и успешна дебата. За нас странските инвеститори се исклучително важни, се разбира исто како и домашните инвеститори, бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада и сите оние атрибути кои се составен дел во таа борба за што подобра економија. Чувствуваме дека полека, но сигурно се движиме кон консолидирање и тоа во услови на исклучително големи глобални предизвици. Ценам дека македонската економија се движи кон состојба на консолидирање, се разбира предизвиците нема да сопрат, тие ќе продолжат, но ние се обидуваме да ги антиципираме и преку антиципирање да наоѓаме решенија за тие предизвици. Колку е државата посилна, толку и бизнисот повеќе вреди, толку и имотот повеќе вреди, колку е бизнисот посилен толку станува државата посилна затоа е многу важно да имаме ликвиден бизнис, економија, таа економија да си ги врши навремено обврските кон државата и кон буџетот, а се разбира со тие обврски и со солиден и ликвиден буџет ние ќе можеме да имаме повеќе капитални инвестиции, да имаме повеќе во здравството, да имаме повеќе во образованието, да имаме повеќе во земјоделието, повисоки пензии, повисоки плати,…, изјави Мицкоски по состанокот.

Тој напомена дека Владата ќе ги анализира критиките и аргументите изнесени на средбата.

– Ќе ги анализираме и таму каде што можеме да бидеме подобри, следната година ќе се потрудиме да бидеме подобри. Задоволен сум од фактот што е двоцифрен растот на процентот на оние компании што се задоволни од бизнис климата и дека се подготвени да ја прошират својата инвестиција во земјата. Се разбира дека ќе имаме предизвици, но ние како Влада мотивирани сме и сакаме да ги решаваме тие предизвици. Како што тоа го правевме многу пати во минатото, така и во иднина ќе се бориме за секоја инвестиција, за секое евро вложено во земјата зашто цениме дека со секое евро вложено во земјата, со секој денар вложен, ќе имаме побогата и постабилна земја, а тоа значи дека имотот на нашите граѓани и бизнисите на бизнисмените повеќе ќе вредат, потенцира премиерот и дополни дека следниот квартален состанок со инветситорите ќе биде во средината на јуни.

Според Мизо, на состанокот станало збор и за намалување за 50 отсто на царинските стапки што се очекува од 1 јули годинава.

-Педесет и пет проценти од компаниите дадода афирмативна одлука за реинвестирање во државата што е зголемување за 13 процентни поени од анкетата во 2024 година. Разговаравме и за останатите отворени прашања како дополнителното намалување за 50 отсто на царинските стапки што ќе се направи од 1 јули годинава, а тоа значи дека ќе имаме целосна хармонизација и поголема конкурентност на нашето производство тука и на исто ниво со конкурентноста во земјите на ЕУ, рече Мизо по средбата.

Мизо ја поздрави отвореноста на Владата, премиерот, министрите и директорите на институциите.

-Задоволни сме не само од состанокот, туку и од отвореноста да се адресираат нашите проблеми. Имаме и покана за средби што треба да се случат веќе во почетокот на идната недела и, или во работни групи или на индивидуално ниво, треба да се разгледаат забелешките што беа посочени од наша страна, за да се дојде до решение и да се пребродат предизвиците, истакна Мизо.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кузеска: Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не
Следна Статија Женско тело извадено од Вардар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Акциите на „СпејсИкс“ скокнаа за 11 отсто на историското деби на берзата, сега вреди 2 билиони долари

Компанијата „СпејсИкс“ (SpaceX) на Илон Маск денеска забележа рекордно деби на берзата при нејзината првична јавна понуда (ИПО), откако вредноста…

June 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

„Форбс“: Илон Маск тежи 600 милијарди долари

Илон Маск стана првата личност чија проценета нето вредност достигна 600 милијарди американски долари, според пресметките на списанието „Форбс“ објавени…

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бобан Николовски: Бизнис заедницата бара итни реакции – достапни сме за нив 24/7

„Бизнис заедницата бара решавање на сите предизвици со кои се соочуваат во реално време. Јас и мојот тим сме достапни…

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени

Нова инвестиција од неколку десетици милиони евра и над 200 вработени, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави, стартот…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?