Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерот Љутков доби кривична од Синдикатот- тој ги отфрла обвинувањата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерот Љутков доби кривична од Синдикатот- тој ги отфрла обвинувањата
МАКЕДОНИЈА

Министерот Љутков доби кривична од Синдикатот- тој ги отфрла обвинувањата

Објавено March 11, 2026 16:30
Сподели
Сподели

Претставници на Синдикатот на културата денеска на прес-конференција пред Основното јавно обвинителство соопштија дека поднеле кривична пријава против министерот за култура Зоран Љутков, обвинувајќи го за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за повреда на права од работен однос.

Од Синдикатот посочија дека пријавата ја поднесуваат со жалење, нагласувајќи дека Љутков до неодамна бил нивен колега и дел од синдикалната борба за правата на културните работници.

Според нив, министерот со насоки испратени по електронска пошта и со упатство кое сам го изготвил и потпишал се обидел да ги поткопа правата на вработените во културата и да ги девалвира колективните договори.

„Упатство или мејл не е закон, а министер не е над закон. Упатството што го изготви министерот го поднесовме и до Уставниот суд со иницијатива да се стави вон сила поради неуставност“, велат од Синдикатот.

Оттаму информираат дека во моментов има повеќе од 800 тужби од вработени во културата против институциите и државата, како и над 50 судски пресуди во корист на синдикатот, од кои осум се правосилни.

Синдикатот најави дека ќе поднесе кривични пријави и против директорите на институциите од културата, обвинувајќи ги дека постапувале по, како што велат, незаконски упатства.

„Директорите беа претходно писмено предупредени дека доколку постапат по незаконските налози ќе следуваат кривични пријави, но тие сепак продолжија по тој пат“, соопштија од Синдикатот.

На обвинувањата реагираше министерот за култура Зоран Љутков, кој ги оцени како паушални и неточни.

На прес-конференција во Владата, Љутков изјави дека никогаш не постапувал самоволно и дека сите одлуки се носени во рамки на законите.

„Никогаш не сум ускратил законски загарантирани работнички права. Моја обврска е да обезбедам систем во кој правилата важат еднакво за сите, без привилегии и без исклучоци“, рече министерот.

Тој нагласи дека во државата е на сила Општиот колективен договор за јавниот сектор, а вработените во културата имаат и грански колективен договор во кој е утврдена пресметката на платите.

Според Љутков, Владата понудила анекс на колективниот договор за усогласување на платите со покачувањето од 10 проценти во јавниот сектор, но синдикатот ја одбил таа понуда.

Министерот посочи дека барањата на синдикатот би довеле до ситуација вработените во културата да имаат повисока минимална основа за пресметка на плата од онаа утврдена со закон за останатите во јавниот сектор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вечерва супер дерби во ЛШ: Сити-Реал
Следна Статија Жена загина во пожар во куќа во Тетово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани

Во близина на струмичко Костурино и дојранското село Црничани постоеле неолитски населби стари осум милениуми. Ова го потврдија и геомагнетните…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Вака говореше гемиџијата Павел Шатев

„Прекршуваме еден завет на великите македонски покојници во Солун и Сахара. Тие се беа заколнале да не оставаат свои портрети,…

April 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Осудувам каков било напад, но ја повикувам Арсовска да не бега од МВР и од институциите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Митески за алармантната состојба со отпадот: Кога безобразноста и дрскоста се присутни – мораме да вратиме со здрав разум!

„ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје под раководство на Данела Арсовска е надлежна за собирање на смет, празнење на контејнерите и чистење…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?