Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, зборуваше за своите очекувања пред првиот натпревар против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.
-Мора да се однесувате кон противникот со неверојатна почит, но во исто време да го погледнете во очи и да му кажете: „Добро, ова сме ние како тим“. А потоа мора да го потврдите тоа на теренот. Можеби ќе имате среќа и ќе успее.Емоциите се појавуваат кога играте лошо или кога вашите противници играат подобро. Ова не ни е прв пат тука. Бевме тука многу пати, а многу од играчите добро го познаваат овој стадион. Секако, ништо добро нема да произлезе од ова ако не сме свои, изјави Гвардиола за сајтот на УЕФА.
Натпреварот ќе се игра вечер од 21 часот во Мадрид.
Другите три средби од ЛШ закажани за вечер се:
Баер Леверкузен – Арсенал (18:45 часот)
Бодо/Глимт – Спортинг (21 часот)
ПСЖ – Челзи (21 часот.