Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пред шест децении се раѓале двојно повеќе бебиња од денеска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пред шест децении се раѓале двојно повеќе бебиња од денеска
МАКЕДОНИЈА

Пред шест децении се раѓале двојно повеќе бебиња од денеска

Објавено March 12, 2026 19:31
Сподели
Сподели

Во Европската унија во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е намалување од 3,3% во споредба со 2023 година, додека вкупната стапка на фертилитет за 2024 година изнесува 1,34 живородени деца по жена во ЕУ, што е намалување во споредба со 1,38 во 2023 година. Во Македонија стапката на фертилитет во последните десет години, исто така, се намалува и се движи од 1,52 во 2004 и 2014, на 1,49 во 2023 и 1,44 живородени деца по жена во 2024 година.

Ваквата стапка на фертилитет е значително под нивото од 2,1 живородени деца по жена потребно за природна обнова на населението, со што Европа, а и нашата земја веќе влегуваат во сериозни демографски предизвици.

Податоците од Евростат за фертилитетот покажуваат дека на ниво на ЕУ, најниска стапка на фертилитет во 2024 година има Малта – 1,01, а највисока во Бугарија – 1,72.

Просечната возраст на жените при раѓањето на нивното прво дете во ЕУ во 2024 година е 29,9 години, и се движи од 26,9 во Бугарија до 31,9 во Италија. Во Македонија жените првото дете во просек го раѓаат на 27,8 години.

Жените во последните дваесетина години во просек се подоцна го раѓаат првото дете. Во 2014 година на 26,6 години и 25 години во 2004 година.

Во 2024 година, Бугарија забележа највисока вкупна стапка на фертилитет во ЕУ со 1,72 живородени деца по жена, по што следуваат Франција со 1,61 и Словенија со 1,52. Спротивно на тоа, Малта имаше најниска стапка на фертилитет од 1,01 живородени деца по жена, заедно со Шпанија со 1,10 и Литванија со 1,11.

Податоците на Евростат покажуваат дека речиси два пати помалку деца се родени во ЕУ во 2024 година отколку пред шест децении.

Во 2024 година, во ЕУ се родени 3,55 милиони деца, што одговара на груба стапка на наталитет (бројот на живородени на 1000 лица) од 7,9. За споредба, грубата стапка на наталитет во ЕУ била 10,5 во 2000 година, 12,8 во 1985 година и 16,4 во 1970 година.

Во Македонија бројот на живородени деца е во постојан пат од 1960 кога се родиле 44 095 деца, 37 862 во 1970, 35 401 во 1990, на 29 308 во 2000, 24 296 во 2010 година и 19 031 во 2020 година, на рекордно најниските 16 061 во 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
Следна Статија Градежни инспектори нема ни за лек

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО)Мицкоски: Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово

Премиерот Христијан Мицкоски, за ТВ21 изјави дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице ја напуштил земјава…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Модернизација на одбраната: АРМ ги очекува првите Страјкери 

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (08 ноември) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска нема да го свика Советот за безбедност за состојбата со Украина, но можно е да го собере за загадувањето

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова засега не планира да го свика Советот за безбедност за случувањата во Русија и Украина. Но, шефот…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

Убаво е кога се отвораат капитални проекти. Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување…

January 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?