Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градоначалникот на Кочани Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Градоначалникот на Кочани Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Кочани Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната

Објавено March 15, 2026 16:12
Сподели
Сподели

Кочани денеска се заблагодари на лекарите, медицински тимови од земјата и странство, волонтери, хумани луѓе, амбасадите во земјата, државните институции и на  министерствата кои учествуваа во спасување и хоспитализација на повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, кој се случи пред една година. Градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов во емотивниот говор на денешниот централен настан во рамките на одбележување на годишнатата од трагедијата во Кочани, во кој згаснаа 63 животи, а 193 млади луѓе беа повредени -„Кочани ви благодари“, рече дека „денес стоиме овде со тешки, но благодарни срца“.

-Стоиме со спомените на една ноќ што засекогаш ќе остане врежана во колективната меморија на Кочани. Ноќ во која болката го погоди нашиот град со сила што никој неможеше да ја замисли. Пожарот во „Пулс“ не беше само трагедија. Тој беше судир со најтешките човечки страдања. Во тие часови на ужас, нашите деца, нашите млади, се најдоа лице в лице со огнот и чадот. Лице в лице со страдањето се најдоа и оние кои се заколнале дека ќе го чуваат животот: лекарите, медицинските сестри, техничарите, болничарите, хуманите луѓе. Многумина од вас што сте денес тука, ги видовте раните од блиску… едноставно со еден збор – повеќе од хорор – рече Грозданов.

Tокму во тие најтешки моменти, според Грозданов, се случи нешто штo ние, во Кочани никогаш нема да го заборавиме.

-Ние не останавме сами! Од сите страни пристигна помош. Болниците во државата и во многу други држави ги отворија своите врати. Доктори и медицински тимови се ставија на располагање без двоумење. Амбулантни возила, полициски возила, армиски возила, хеликоптери, авиони појдоа кон непознати дестинации, носејќи ги нашите деца кон спас, кон нова надеж- вели Грозданов.

Градоначалникот на Кочани, Грозданов истакна дека болниците, клиниките во земјава, соседството и низ Европа ја презедоа битката за спас на повредените, а за нивните повреди како што рече „знаеме дека тие повреди се новитет и во науката“. Тој додаде дека Кочани никогаш нема ги заборави редицата на луѓе кои даруваа крв за повредните, како и на редицата од луѓе кои носеа храна, вода, намирници и ги нудеа своите домови за семејствата на повредните млади луѓе.

-И затоа, денес, од името на граѓаните на Кочани, од името на родителите и на семејствата, од името на младите кои денес повторно учат да живеат – ви велиме едно големо, длабоко и искрено: Ви благодариме! Благодариме за вашата храброст. Благодариме за вашата пожртвуваност. Благодариме за секој час поминат покрај болничките кревети. Благодариме за секој спасен здив. Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната. Кочани ви благодари- подвлече во својот говор градоначалникот на Кочани Грозданов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДС делуваат заеднички
Следна Статија Бурни реакции за состојбите во судството, откако судијка ѝ замрзна на компанија 1,5 милиони евра!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓаните се задоволни од досегашната работа на Владата и на премиерот

Новата Влада на Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски и досега донесените одлуки во однос на заемот од Унгарија и…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Писмо на бугарскиот шеф на дипломатијата до Брисел: Македонија не ги исполнува обврските

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Комбиња и камиони на МВР влегоа во Охис – Се запленува огромна количина на дрога?

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината доцна попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Нема да одиме против препораките на УНЕСКО, сите прашања ќе ги отвориме на средба во март

Владата ќе разговара директно со УНЕСКО за да се утврди кое решение ќе биде најсоодветно за зачувување на заштитениот статус…

February 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?