Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анкета: Предноста на Камала Харис пред Трамп се намали на еден процент
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Анкета: Предноста на Камала Харис пред Трамп се намали на еден процент
СВЕТ

Анкета: Предноста на Камала Харис пред Трамп се намали на еден процент

Објавено October 30, 2024 09:00
Сподели
Сподели

Предноста на демократскиот кандидат на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Камала Харис, е намалена на еден процент во однос на републиканскиот ривал Доналд Трамп и сега има 44 отсто поддршка наспроти 43 отсто поддршка за Трамп, според анкета на Ројтерс/Ипсос објавена вчера.

На прашањето кој од двајцата кандидати има подобар пристап кон економијата, невработеноста и работните места, 47 отсто од гласачите го избрале Трамп, додека 37 отсто го кажале истото за Харис.

Околу 48 отсто од гласачите во ова истражување изјавиле дека го поддржуваат пристапот на Трамп кон имиграциската политика, додека нешто повеќе од 33 отсто од испитаниците се согласуваат со Харис за ова прашање.

Околу 40 отсто од гласачите во анкетата рекоа дека Камала Харис има подобар пристап во справувањето со политичкиот екстремизам и заканите по демократијата, во споредба со 38 отсто од оние кои го избраа Трамп.

Во претходното истражување таа водеше со седум процентни поени во споредба со Трамп кога станува збор за екстремизмот.

Оваа анкета, во која беа опфатени 1.150 возрасни Американци, меѓу кои и 975 регистрирани гласачи, покажа дека Доналд Трамп има значителна предност пред Харис за неколку прашања кои гласачите ги сметаат за клучни, пишува Ројтерс.

Изборните гласови во седум клучни држави, вклучувајќи ги Северна Каролина, Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Невада и Аризона, се очекува да го одлучат исходот од изборите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо трагичар на Ал Наср: Промаши пенал во 96. минута
Следна Статија „Ја затворил во викендица, па ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци, таа посегнала по нож и си ги исекла вените“, обинителството поведе постапка против битолчанец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски: Нова рунда разговори за Украина на 4 и 5 февруари

Нова рунда трилатерални разговори меѓу Украина и Русија, со посредство на Соединетите Американски Држави, ќе се одржи на 4 и…

February 1, 2026
СВЕТ

Трудо: Канада нема да стане дел од САД

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска…

January 8, 2025
СВЕТ

(Видео) „Кабините одеа горе-долу, се нишаа“: скијачите паднаа од височина од 15 метри откако се расипа жичница во Шпанија, сведок опиша што се случило

Најмалку 30 лица се повредени, од кои 17 во тешка состојба, откако се урна ски-лифт во ски-центар во Шпанија. Засега…

January 18, 2025
СВЕТ

Синвар имал сеф со милиони во кеш, а жена му носела чанта „биркин“ од 32.000 долари

Под тлото на Газа бил изграден светол и удобен простор за живеење на 61-годишниот Синвар и на неговите чувари. Во…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?