Политичкиот трилер „Една битка по друга“, со Леонардо Ди Каприо во главната улога, режиран од страна на Пол Томас Андерсон ја доби овогодинешната престижна награда „Оскар“ за најдобар филм. Филмот прикажува паднат револуционер што се обидува да ја спаси ќерка си од поранешен непријател.
Андерсон доби награди и за најдобар режисер и најдобро адаптирано сценарио.
-Оваа година има толку многу одлични филмови. Навистина се расплакав кога ја добив наградата за најдобар режисер и заборавив да и се заблагодарам на мојата екипа. Вие сте срцето на овој филм, целиот тим. Каква вечер, ајде да се напиеме мартини, ова е неверојатно, кажа Пол Томас Андерсон, режисер на „Една битка по друга“, кој добу Оскар за најдобар филм 2026.
За истиот филм, статуетки добија и Шон Пен за најдобар спореден глумец, Енди Јургенсен за најдобра монтажа и Касандра Кулукундис за најдобар кастинг. За најдобра споредна актерка беше прогласена Ејми Медиген од филмот „Оружје“ која се изнасмеа откако и беше врачен оскарот.
-Ова е одлично, изјави Еми Медиген, која доби Оскар за најдобра споредна актерка.
Други значајни победници на вечерта вклучуваат:
„Sinners“ – четири Оскари, меѓу кои најдобар актер (Michael B. Jordan), најдобро оригинално сценарио (Ryan Coogler), најдобра оригинална музика (Ludwig Göransson) и најдобра кинематографија (Autumn Durald Arkapaw).
Jessie Buckley ја освои наградата за најдобра актерка за улогата во „Hamnet“.
Amy Madigan доби Оскар за најдобра споредна актерка за филмот „Weapons“.
„KPop Demon Hunters“ – награди за најдобар анимиран филм и најдобра оригинална песна.
Frankenstein“ – награди за производствен дизајн, шминка и фризури и костимографија.
„F1“ – награда за најдобар звук.
„Avatar: Fire and Ash“ – награда за најдобри визуелни ефекти.
„Mr. Nobody Against Putin“ – награда за најдобар документарец.
„Sentimental Value“ – награда за најдобар меѓународен филм.
Церемонијата оваа година беше забележителна по тоа што истовремено ги одбележа и големите студиски продукции и независните, како и меѓународните филмови, со комбинација од класични и нови категории.