Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема помала казна за Васил Јованов што ја усмрти Фросина на „Партизанска“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Нема помала казна за Васил Јованов што ја усмрти Фросина на „Партизанска“
ХРОНИКА

Нема помала казна за Васил Јованов што ја усмрти Фросина на „Партизанска“

Објавено March 18, 2026 18:50
Сподели
Сподели

Врховниот суд ја одби жалбата на возачот Васил Јованов кој смртно ја прегази младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, со што останува во сила затворската казна од 13 години.Првостепено, Основниот кривичен суд Скопје му изрече казна од 12 години затвор, но подоцна Апелациониот суд ја зголеми казната на 13 години, оценувајќи дека тежината на делото бара построга санкција.

„Врховниот суд ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В.Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К-780/25 од 13.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-696/25 од 27.10.2025 година, со која е огласен виновен за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 в.в. член 297 став 1 од Кривичниот законик и осуден на казна затвор во траење од 13 –тринаесет години“.
Трагедијата се случила на 29 јануари 2025 година, кога обвинетиот Јованов управувал автомобил без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со брзина од околу 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“.

На пешачки премин и на црвено светло удрил во 22-годишната Фросина Кулакова, која преминувала на зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот, девојката се здобила со тешки повреди и починала на лице место, што предизвика силна реакција во јавноста и протести со барање за правда и поголема безбедност на улиците.

Со одлуката на Врховниот суд, правната битка на обвинетиот да ја намали казната завршува неуспешно, а затворската казна од 13 години останува на сила.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Намален прометот во индустријата во јануари
Следна Статија Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП, ќе разговараме за глобалните предизвици и ќе ставиме акцент на проширувањето на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка…

August 25, 2025
ХРОНИКА

Адвокатот Јанаки за битолчаните кои ловеле педофили: Наместо да ги гонат, треба да ги пофалат

Адвокатот Јанаки Митровски на социјалните мрежи остро реагираше по кривичната пријава против шест лица од Битола, кои креирале лажен профил…

June 1, 2026
ХРОНИКА

Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош

Жена од Скопје, најевројатно од Јурумлери е исчезната. На Фејсбук се споделува статус на лицето Аце Јоциќ кој пред кратко…

November 8, 2024
ХРОНИКА

Утрово претрес во домот на Груби, тој уште не е дома, а го нема ни екс-директорот на Лотарија

Во голема полициска акција на МВР утрово направен е претрес на повеќе места, а во врска со сомнежи за организиран…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?