„Цивил“, медиумот на Џабир Дерала направи анкета за превирањата на СДСМ откако Петре Шилегов најави иницијатива за смена на лидерот Венко Филипче.
Поддржувачите на Дерала и на СДСМ опишуваат состојбата во СДСМ како „брод без кормило, со пијана посада, насред разбранувано море“.

„Оваа внатрепартиска битка ми асоцира на битка за власт, пари и уште пари“, наведува граѓанин, посочувајќи дека конфликтите се водат од лични, а не од идеолошки причини, коментираат читателите на Цивил.
Извор: civilmedia.mk