Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Спасувачите ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите: апокалиптични сцени од Шпанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Спасувачите ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите: апокалиптични сцени од Шпанија
СВЕТ

(Видео) Спасувачите ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите: апокалиптични сцени од Шпанија

Објавено October 30, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Спасувачите во Шпанија ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите што ја зафатија таа европска земја. Досега се извлечени телата на најмалку две бебиња, а бројот на загинати во невидените поплави надмина 50.

Како што јавија локалните медиуми, спасувачите ги извлекле телата на четири лица, двајца мажи, една жена и едно бебе, во градот Паипорта. Во градот Торент спасувачите пронашле пет безживотни тела, меѓу кои и бебе.

Најтешко беше погодена Валенсија, каде неколку лица се уште се водат како исчезнати.

Туристите кои дојдоа да ја посетат Валенсија велат дека биле заробени во возилото речиси 10 часа. Виталиј Фарафонов и неговата сопруга биле во посета на Валенсија кога полицијата синоќа околу 20 часот ги извлекла од автопатот.

„Беше хаос. Изброивме девет или 10 превртени камиони на дел од автопатот за помалку од еден километар. Никогаш не сме виделе такво нешто“, рече Фарафонов.

Снимките кои кружат покажуваат како луѓе се обидуваат да се спасат од поплавите качувајќи се на дрвја. Властите користат хеликоптери за да ги спасат жителите од нивните домови.

Други видеа споделени од шпанските радиодифузери покажуваат дека водата навлегува во куќите додека автомобилите ги носи низ улиците.

Радио и ТВ станици добија стотици повици за помош од луѓе заробени во поплавените подрачја или во потрага по најблиски, бидејќи службите за итни случаи не можеа да стигнат до сите погодени локации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зајкова: ЛДП не ја напушта коалицијата со СДСМ, но делува независно
Следна Статија Предлог-извештај на ЕК: Македонија треба да го интензивира темпото на реформи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Критичната поморска патека на светските енергетски текови повторно во фокусот

Во екстремен сценарио на ескалација, стручниците проценуваат дека цените на нафтата можат драстично да пораснат

January 13, 2026
СВЕТ

Откриена причината за фаталниот судир на „Блек Хок“ со патнички авион над Вашингтон

Имаше некаков „проблем со надморска височина“ кога минатиот месец хеликоптер „Блек Хок“ се судри со патнички авион во близина на…

February 6, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Танкер со нафта и товарен брод се судрија во Северното Море

Танкер со нафта и товарен брод се судрија утринава во Северното Море, а британската крајбрежна стража ја координира итна спасувачка…

March 10, 2025
СВЕТ

Италија го прогласи фемицидот за кривично дело казниво со доживотен затвор

Италија направи историски чекор во борбата против насилството врз жените откако парламентот усвои закон со кој фемицидот официјално се воведува…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?