Пари во плик или подарок, се најчестите форми на корупција во здравството покажува истражувањето на организацијата ЕССЕ. Дел од испитаниците во анкетата кажале дека сами се понудиле. Во други случаи им било побарано поткуп.
„Здравствената заштита се сведува на трансакција во која тие што имаат пари ќе платат и ќе добијат, а оние што немаат ќе останат без навремена здраствена заштита што ја продлабочува нееднаквоста во пристапот до здравствената заштита“, изјави Борјан Павловски од „ЕССЕ“.
„Ниту еден од овие испитаници не пријавил корупција кај надлежните органи пред се заради стравот дека нема да добие здравствена услуга а исто така заради недовербата во системот и дека некој ќе постапи по нивните пријави“, изјави Дарко Антиќ од здружението ЕССЕ.
И министерот за здравство ги охрабри граѓаните да пријавуваат кај него злоупотреби во здравството, но и после една година од постоењето на онлајн алатката за пријави – нема информации што е преземено и колку од пријавите се процесуирани.