Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче најави предлог закони за намалување на цените на горивата и храната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче најави предлог закони за намалување на цените на горивата и храната
ПОЛИТИКА

Филипче најави предлог закони за намалување на цените на горивата и храната

Објавено March 19, 2026 18:33
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција најави дека ќе поднесе предлог-закони со кои ќе се намалат акцизите на горивата, ДДВ-то на основните прехранбени производи и преполовување на цената на патарините.

Тој упати апел власта да ги прифати законските решенија со цел, како што рече, да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните да се намалат цените на горивата и на храната.

Според него, треба да се свикаат итни владини седници за донесување мерки кои би им помогнале на граѓаните да ја надминат кризата.

– Тука растат цените не само на горивата, туку и на сите прехранбени продукти од час во час, а ќе расте цената и на струјата и на сè друго. Единствено што не растат се платите, рече Филипче.

Тој обвини дека Владата не работи на реформи и уставни измени, туку дека создавала намерни конфликти и ширела лаги за бугарска завера.

– И тоа е еден веќе виден стар, добар рецепт за да се задржи власта, а притоа жртвувајќи ја иднината на државата и на граѓаните. Зборува за спроведени реформи, се поставува прашањето за кои реформи кога ниту еден закон од областа на правосудството минатата година од реформската агенда не беше донесен. Само еден во кој што се направени измени кои се спротивни на препораките на Оценската мисија. Дали ќе зборува за тој закон, донесен спротивно на препораките на Европската Унија. Да преведам, ако некој не разбрал премиерот работи на изолација на државата, нагласи Филипче.

Упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски кој ќе понесе одговорност доколку државата остане надвор од Европската Унија, забележувајќи дека власта наместо да ја спроведува реформската агенда и да ги исполни обврските за напредок кон Унијата, свесно создавала поделби и тензии за да го задржи политичкиот рејтинг.

– Граѓаните јасно кажуваат во сите испитувања на јавните мислења, над 70 отсто сакаат да станеме земја членка на Европската Унија. Колку не чини ова што сега не се отвораат преговорите со Европската Унија. Пресметал ли некој во Владата колкава сума пари ќе стигнат тука кога ќе се отворат пристапните фондови, во сите сектори согласно отворањето на поглавјата. Колку финансиски средства во огромен процент и како грантови ќе стигнат до нашите граѓани, каков што бенефит видоа граѓаните на сите земји членки кои што пристапија во Европската Унија и постари и поновите, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мартовската синдикална кошница е поскапа за 436 денари
Следна Статија Мицотакис: Туристите да бидат без грижа, Грција е безбедна земја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кога ќе има нови детали со Бугарија ќе ја информирам опозицијата, нема да ја повторувам нивната грешка

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, на прашање за повикот на лидерот на…

October 8, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски со пет пати повисок рејтинг од Филипче

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има највисок рејтинг меѓу македонските политичари, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Институтот за…

October 16, 2024
ПОЛИТИКА

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Собранието денеска ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на…

July 13, 2026
ПОЛИТИКА

Заев стасал до авио компанија во Индија, каква е поврзаноста на Венко Филипче со ова?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Чудна е пасијата на СДСМ да води полемика за авиосообраќајот и да спомнува авиолетови, одговори владејачката ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?