Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?
СПОРТ

Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?

Објавено October 30, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Златната топка, односно фактот што Винисиус Жуниор не е лауреат оваа година, се уште е тема на светските медиуми. Наградата за најдобар, му припадна на играчот од средниот ред Родри, кој со шпанската репрезентација го освои Европското првенство и со Манчестер сити Премиер лигата.

Многумина мислат дека овој избор му нанел неправда на Бразилецот кој со Реал Мадрид ги освои Лигата на шампионите и шпанското првенство, а особено го мислат тоа во Реал, поради што ја бојкотираа церемонијата во Париз.

Винисиус смета дека причината поради која е втор, а не прв во гласањето на новинарите за добитник на наградата е неговата борба против расизмот.

Тоа го пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на луѓе блиски до 24-годишниот напаѓач.

„Ова ќе го направам уште десет пати. Тие не се подготвени“, беше пораката што Винисиус ја објави на социјалните мрежи откако не го освои трофејот.

„Ројтерс“ ги контактирал луѓето кои раководат со неговата кариера за да го дознае одговорот на прашањето што точно значи пораката.

Одговорот е дека Винисиус „се осврнал на својата борба против расизмот“, пишува „Ројтерс“ и додава дека контактираните мислат дека тоа е причината поради која не ја добил наградата.

„Фудбалскиот свет не е подготвен да прифати играч кој се бори против системот“, цитира соговорник од кругот на луѓе кои раководат со кариерата на играчот, кој е честа мета на расистички скандирања на натпреварите во Шпанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предлог-извештај на ЕК: Македонија треба да го интензивира темпото на реформи
Следна Статија Ковачки: Дали Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Гави нема да игра до февруари

Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека играчот од средниот ред Пабло Паес Гавира, познат како Гави, е успешно опериран по повредата…

September 24, 2025
СПОРТ

Валенсија го совлада Панатанаикос за прв Фајнфор во историјата

Валенсија е последниот учесник на фајнлфорот во кошаркарската Евролига, откако синоќа на домашен терен триумфираше над Панатинаикос со 81-64 (14-10,…

May 14, 2026
СПОРТ

Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој го започнува своето учество на тенискиот турнир во Женева против Унгарецот Мартон Фучович во…

May 20, 2025
СПОРТ

(Видео) Халибартон со звукот на сирената – Индијана ја шокираше Оклахома

Кошаркарите на Индијана Пејсерс победија во Оклахома со 111:110, во првиот финален натпревар од НБА лигата. Пјесерс победија со поените…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?