Одделот за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР синоќа го уапсиле директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој бил фатен при барање и примање мито од 50.000 евра.
на оваа функција е избран во јули 2024 година, како предлог на коалицискиот партнер во власта – Социјалистичката партија на Македонија
.За денес се очекуваат и официјални информации од истражните органи, кои треба да утврдат дали Анакиев делувал сам или зад случајот стои поширока мрежа.
Ова е втор случај на апсење функционер во делот на земјоделието, откако на 6 ноември 2025 година за примање мито беше приведен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев, функционер од ВМРО-ДПМНЕ