Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинувања за незаконие во граѓанскиот суд: За недоспеан долг од 467 илјади евра, судијка ѝ замрзна на компанија 1,5 милиони евра без вештачење!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Обвинувања за незаконие во граѓанскиот суд: За недоспеан долг од 467 илјади евра, судијка ѝ замрзна на компанија 1,5 милиони евра без вештачење!
ЕКОНОМИЈА

Обвинувања за незаконие во граѓанскиот суд: За недоспеан долг од 467 илјади евра, судијка ѝ замрзна на компанија 1,5 милиони евра без вештачење!

Објавено March 20, 2026 19:28
Сподели
Сподели

Нецел месец по основањето во 2022 година, компанијата „АР Груп“ склучила преддоговор со „МКМ Експрес“ за купување на деловен простор од 637 квадратни метри, плус гаражни места, за вкупна цена од 1.451.393 евра. Меѓутоа, купувачот воопшто не го уплатил авансот, по што двете страни склучуваат анекс со нова динамика на плаќање, која повторно не ја почитува купувачот. Набргу потоа, тие склучуваат и втор анекс, по што „АР Груп“ врши две уплати од вкупно 467 илјади евра, објави Фокус.

Арно ама, и двете уплати биле задоцнети и пониски од висината на договорените рати, па продавачот одлучил да го раскине преддоговорот, кој му дава такво право заедно со обврска да ги врати уплатените средства откако истиот деловен простор ќе го продаде на други субјекти. Но, „АР Груп“ не ги чекал средствата назад, туку одлучил по судски пат да ги бара од „МКМ Експрес“ не само уплатените 467 илјади евра, туку и дополнителни над 1,1 милиони евра во име на материјална штета, или вкупно 1,5 милиони евра. Откако скопскиот граѓански суд одлучи да го прифати предлогот на „АР Груп“ да донесе решение за привремена мерка за обезбедување на 1,5 милиони евра на „МКМ Експрес“, тужената компанија испорачува сериозни тврдења дека целиот случај се карактеризира со пристрасно, непрофесионално и незаконско постапување од страна на судијката Бисера Стефковска Митиќ, поради што поднесоа претставка до Судскиот совет.

Во нивната жалба до второстепениот апелациски суд, меѓу другото, се наведува дека таа не направила напор тужбата да ја достави до тужениот, првично оневозможувала увид во предметот, донела решение за обезбедување на 1,5 милиони евра, иако реалниот долг од 467 илјади евра е недоспеан, додека за наводната материјална штета од 1,1 милиони евра немало вештачење… Стефковска Митиќ, пак, ги отфрла сите обвинувања.

Во продолжение целиот текст на Фокус 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Да го послушавме Заев сега ќе ја имавме големата награда на Муртино
Следна Статија Здравко Чолиќ по подолго време има хит (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски се сретна со преставници на нафтената индустрија: Нема простор за загриженост, состојбата е целосно под контрола

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски се сретнал со преставници на нафтената индустрија во Македонија. Разговаравме за актуелната состојба со нафтените…

March 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Азески: За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение

Ние сакаме да има што повисок праг на минимална плата, но тоа може да се уреди со зголемување на ефикасноста…

January 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра

Девизните резерви на крајот на октомври 2025 година изнесувале 4.843,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување…

November 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пад на индустриското производство во октомври од 1,1 процент

Пад на индустриското производство од 1,1 процент во октомври во однос на истиот период лани бележи Државниот завод за статистика.…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?