Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новиот Јавен обвинител Савески: Немав контакти со Владата за изборот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Новиот Јавен обвинител Савески: Немав контакти со Владата за изборот
МАКЕДОНИЈА

Новиот Јавен обвинител Савески: Немав контакти со Владата за изборот

Објавено March 23, 2026 22:04
Сподели
Сподели

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека во текот на процесот на избор немал никакви контакти со Владата, ниту со премиерот. Тој во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 на директно прашање дали бил контактиран од Владата, односно од премиерот, кусо одговори: „Не.“

Савески изјави дека и самиот бил изненаден од таквиот развој на настаните, но го оценува како знак на водење грижа за интегритетот на процесот.

-Меѓу тие многумина коишто биле зачудени, бев и јас. Да бидам искрен, очекував да бидам повикан од професионален аспект, како некој којшто евентуално би бил предложен или разгледуван да биде предложен, сметав дека е сосема легитимно да бидам повикан и да имаме средба на којашто јас би ги презентирал своите идеи – вели Савески.

Тој смета дека ваквиот пристап од Владата имал за цел да избегне сомнежи за политичко влијание врз неговата кандидатура.

-Јас така гледам на тоа и искрено, мене тоа ми причинува огромно задоволство и верувам дека намерите на Владата со таквиот однос кон мене се токму да се испрати порака дека не сакаат да остават простор дека јас сум нивни предлог откако се остварила некоја средба или има некоја позадина – нагласи Савески.

Во однос на идната комуникација со институциите, државниот обвинител најавува дека самиот ќе иницира средби со претставници на извршната власт, но исклучиво во насока на институционална соработка и реформи.

-Видете, ниедна институција не може изолирано да функционира. Соработката помеѓу институциите е неопходна, просто самиот ‘чекс-енд-балансис систем’ на којшто уставно е изграден нашиот правен поредок бара меѓуинституционална соработка. Јас би побарал лично средба со премиерот и конкретни министри со коишто би сакал да поразговарам откако ќе ја мапирам состојбата во обвинителството – рече Савески.

Сепак, потенцира тој, на таквите средби нема да се разговара за конкретни предмети. -Секако не. Секако не – одоговори државниот обвинител.,

Во однос на критиките од премиерот за правосудството, државниот обвинител вели дека нема да ги коментира директно, но смета оти секоја критика треба да се анализира.

-Секоја критика, според мене, е само начин да видиме каде сме, каде треба да се коригираме и во кој правец треба да продолжиме – изјави Савески, нагласувајќи дека тие не смеат да влијаат врз независноста на обвинителството, туку да послужат како основа за подобрување

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oттогаш трае нивната нетрпеливост: Moмчето на Карлеуша е убиен поради Аркан
Следна Статија Новиот обвинител не сака притвори туку поблаги мерки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пандов: Суспензија за полицаецот во Шутка кој го пренел телефонот до Васил Јованов, само денеска се одземени 70 мобилни

Суспендиран е затворскиот полицаец, којшто го пренел телефонот до Васил Јованов во притворското оделение во Шутка, но истрагата нема да…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет, не знам кој глас треба да допре до ЈО за да постапи

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва од собраниската говорница рече дека има неколку стотици случаи од Министерството за внатрешни работи и финансиската…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Студентите на УКИМ одадоа почит на настраданите од Кочани (ВИДЕО)

На платото на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска на пладне, студенти и ученици од средните училишта во Скопје одржаазаеднички…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме, граѓаните сакаат правда и борба против криминал и корупција

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му…

February 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?