Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
МАКЕДОНИЈА

Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина

Објавено March 24, 2026 18:40
Сподели
Сподели

Патот на Македонија кон ЕУ предолго трае, и тоа не по македонска вина – нагласи претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ на прес-конференцијата по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб. И двајцата се согласни дека тој пат е неоправдано попречуван и оти од земјата се бараат отстапки, кои ниту се оправдани ниту се дел од Копенхашките критериуми.

– Зборувавме за обидот на Македонија, Северна Македонија, како и да сакате, да стане членка на нешто што многумина од нас, вклучувајќи ме и мене меѓу првите, до неодамна го нарекувавме и го третиравме како врв на некаков вид материјализација на државата, пристапувањето кон Европската Унија, како тоа да е на кој било начин супериорно во однос на она што веќе го имаме, а тоа се нашите независни национални држави. Во случајот со Хрватска, таа беше многу тешко извојувана и постигната со многу величествени работи и некои помалку величествени, а во случајот со Македонија и нејзиниот историски пат и окружувањето, уште поголемо чудо е што Македонија успеа да стане и да преживее како независна држава во вителот во кој историски живееше – рече Милановиќ.

Милановиќ одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во Загреб, нагласи дека ставовите на Хрватска кон Македонија се јасни, отворени и пријателски, посочувајќи дека меѓу двете земји нема отворени прашања и дека ги поддржува македонските европски амбиции.

Говорејќи за процесот на одлучување во ЕУ, Милановиќ истакна дека едногласноста останува клучен принцип, запишан во темелните акти на Унијата, и дека нејзиното менување е практично невозможно без широк консензус.

Според него, идеите за укинување на едногласноста во одредени фази од процесот претставуваат притисок врз државите кои имаат резерви.

-На крајот, одлуката за прием на нова членка повторно ќе биде едногласна, што отвора простор за блокади, рече тој, додавајќи дека таквиот систем ја покажува дисфункционалноста и себичноста на државите во рамки на ЕУ.

Во контекст на евроинтеграцијата на Македонија, тој употреби метафора дека процесот не е „маратон“, туку „гладијаторска борба“ со нерамноправни услови.

-Македонија е држава, а тоа е најмногу што може да се има. Членството во Европската Унија е декорација, а луѓето често тежнеат кон декорации, изјави Милановиќ, додавајќи дека неговиот говор има за цел да поттикне дебата.

Тој исто така посочи дека Европската Унија повеќе не може да се гледа исклучиво како мировен проект и дека се соочува со сериозни предизвици во своето функционирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, следуваат итни законски измени
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Жичарницата на Водно одамна не смеела да превезува патници, вели Стојановски од синдикатот на ЈСП

Жичарницата од Средно Водно до врвот на скопскиот рид и Милениумскиот крст, повеќе од 10 дена не е во функција…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се санираат дефектите на цевководот од хидросистемот Ѓавато

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато во општина Дојран. Ценам…

August 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од утре дожд и снег

УХМР информира дека под влијание на влажен бран, утре во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во своето годишно обраќање во Собранието повика оти е време за храбар ЕУ исчекор, по…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?