Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ќе ги напушти редовите на Ливерпул по завршувањето на оваа сезона, објави вечерва актуелниот англиски шампион.
„Салах ја изрази својата желба што поскоро да им обезбеди транспарентност на своите фанови за неговата иднина од почит и благодарност кон нив, се наведува во клупското соопштение.
Триесетитригодишниот египетски напаѓач ја потврди информацијата во видеопорака на социјалните мрежи.
„За жал, дојде денот. Го напуштам Ливерпул на крајот од сезоната. Ливерпул не е само фудбалски клуб. Тоа е страст, тоа е историја, тоа е дух што не можам да го објаснам со зборови на никого кој не е дел од овој клуб, Заедно ги прославувавме победите, ги освоивме најважните трофеи и заедно се боревме низ најтешкиот период од нашите животи. Заминувањето никогаш не е лесно. Ми го дадовте најубавото време во мојот живот. Секогаш ќе бидам еден од вас. Поради сите вас, никогаш нема да одам сам“, порача Салах.