Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска – Давкова: Граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска – Давкова: Граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова: Граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот

Објавено March 25, 2026 15:55
Сподели
Сподели

Во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. Ова создава тешка дилема за политичарите, како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во Загреб.

Посочи дека историјата покажува дека земјата знае да прави тешки, но важни чекори и дека Македонија е единствената држава што го смени своето име.

Претседателката, како што јави известувачот на МИА, нагласи дека во дипломатските односи често се посочува дека договорите треба да се почитуваат, но тоа не значи дека секој договор може да наметне промена на Уставот.

Додаде дека според власта договорите треба да се почитуваат во духот на соработката, без да се кршат домашните правила.

Сиљановска-Давкова нагласи дека во договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година нема ниту еден збор за уставни измени, потенцирајќи дека таквите прашања не може да се воведуваат преку протоколи договорени меѓу министри, без ратификација во парламент.

– Не може двајца министри за надворешни работи во улога на конзули да менуваат договор. Тоа е спротивно на правните принципи – истакна таа, додавајќи дека не ѝ е јасно како вакви одредби станале дел од преговарачката рамка со ЕУ.

Според претседателката, постои ризик преку протоколите да се отвораат нови прашања, кои не се поврзани со Копенхашките критериуми, туку претставуваат мешање во внатрешните работи на државата.

Поради ова, како што рече Сиљановска-Давкова, експертите, вклучително и Венецијанската Комисија, велат дека земјата треба да најде баланс меѓу почитувањето на домашните институции и меѓународните очекувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во тек е реализација на 17 странски инвестиции, вели Мицкоски
Следна Статија Почна судењето за поткупот за ИПАРД фондовите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Перо Наков“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска официјално го означија почетокот на…

January 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Минусни температури утрово во цела Македонија

Утрово речиси во цела Македонија имаше минусни температури. Најстудено беше во Берово со -5 степени, додека Крива Паланка, Скопје, Маврово…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЕУ го избугари извештајот на ЕП за Македонија

Ни вековен ни модерен. Македонскиот јазик едноставно исечезна од извештајот за напредокот на Македонија. Ова е уште еден срам за ЕУ кој…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Новата пресметка на плати е најправилно решение, досегашниот начин на исплата е неодржлив

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева дека до утре до 16 часот ќе бидат исплатени платите за…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?