Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рокот за подигање на ваучери за инвертер клими истекува на 17 април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Рокот за подигање на ваучери за инвертер клими истекува на 17 април
ЕКОНОМИЈА

Рокот за подигање на ваучери за инвертер клими истекува на 17 април

Објавено March 26, 2026 10:29
Сподели
Сподели

Процесот на распределба на државните ваучери за набавка и вградување инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика, при што над половина од вкупно доделените 4.070 ваучери веќе се подигнати, соопшти Министерството за енергетика.

Според податоците од меѓуопштинските центри за социјална работа, до 25 март се евидентирани 2.084 подигнати ваучери.

Министерството потсетува дека списокот на граѓани кои остварија право на оваа поддршка, како и списокот на компании од кои може да се набават уредите, се објавени на официјалната веб-страница на Министерството.

– Граѓаните кои се наоѓаат на списокот можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, до 17 април 2026 година, при што на веб-страницата се достапни сите информации за потребната документација и постапката – соопштуваат оттаму.

По подигнувањето, ваучерите може да се искористат кај компаниите со кои Министерството има склучено договори, за набавка и вградување на инвертер клима уред.

Станува збор за финална фаза од постапката по Јавниот оглас за 2025 година, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, во која право на поддршка имаа домаќинства кои ги исполнија предвидените услови.

Со ваучерот, граѓаните добиваат можност за набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, во вредност до 28.000 денари, без дополнителна доплата. Ваучерите може да се искористат најдоцна до 15 октомври 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трејлерот на „Спајдермен 4“ надмина милијарда прегледи
Следна Статија Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Заработиле 46 милиони евра, пријавиле само 6.700 евра профит

Компанијата ,,Еурофарм” од Битола е фирма за која што се врзува шегата дека имаат книговодител магионичар затоа што успеал во…

June 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Очекувам едноцифрен процент на невработеноста, кажа Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува првпат во земјава да имаме едноцифрен процент на невработеност, како резултат на активностите што се преземаат…

January 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Наредната година ќе биде година на економски успеси и реално подобар животен стандард

Премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање по повод Денот на независноста се осврна и на економските показатели и на животниот…

September 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски сподели снимка од изградбата на коридорите 8 И 10, се работи и на Штип-Отиња и на автопатот кај Букојчани

Во моментот во Македонија активно се работи на повеќе автопатски делници, и тоа автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10Д…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?