Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реакциите од Грција се очекувани,кажа Мицкоски откако Меланија употреби само Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Реакциите од Грција се очекувани,кажа Мицкоски откако Меланија употреби само Македонија
МАКЕДОНИЈА

Реакциите од Грција се очекувани,кажа Мицкоски откако Меланија употреби само Македонија

Објавено March 27, 2026 15:13
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека реакциите на дел од грчките медиуми по употребата на терминот „Македонија“ во говор на првата дама на САД, Меланија Трамп, се очекувани и не претставуваат изненадување.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека вакви реакции постоеле и ќе постојат, нагласувајќи дека државата треба да настапува достоинствено и самоуверено кога станува збор за националниот идентитет.

Воедно, премиерот ги отфрли како неточни обвинувањата во дел од грчките медиуми дека некој дипломат имал пристап до говорот на Трамп пред неговото обраќање.

– Зарем некој може да верува дека говорот на Првата дама на САД, пред таа да го каже во јавноста, оди на рецензија кај некој дипломатски претставник. Јас не верувам. Бидејќи тоа би претставувало безбедносен ризик за САД, рече Мицкоски.

Според него, такво нешто не е можно, бидејќи би претставувало сериозен безбедносен ризик и нарушување на протоколите.

Мицкоски порача дека не треба да се создаваат непотребни конструкции околу настанот, потенцирајќи дека Македонија треба да води рационална и принципиелна надворешна политика.

Изјавата доаѓа откако дел од медиумите во Грција бурно и полни со разочарување реагираа на употребата на зборот „Македонија“ од првата дама на САД, што повторно ги отвори чувствителните прашања поврзани со името и меѓудржавните односи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Скопје добива брз, модерен и целосно еколошки автобуски превоз – БРТ
Следна Статија Избрани четворица нови обвинители за организиран криминал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Црн чад над Скопје, гори депонијата во Шуто Оризари

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов потврди дека гори отпад на депонија во Шуто Оризари, при што над Скопје се издига…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители нема да се распушта

– Распуштање на Советот на јавни обвинители не е опција, затоа што најголемиот број од членовите на се избрани на…

October 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани, соопштија оттаму по денешниот напад…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

25 граѓански организации од Владата бараат решението за градба на хотелот кај Горица да се поништи

Вкупно 25 граѓански организации поднесоа претставка до премиерот и членовите на Владата која се однесува на одобрението за градење за…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?