Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Горивата поевтинуваат, бензинот падна за 3 денари, дизелот останува со иста цена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Горивата поевтинуваат, бензинот падна за 3 денари, дизелот останува со иста цена
ЕКОНОМИЈА

Горивата поевтинуваат, бензинот падна за 3 денари, дизелот останува со иста цена

Објавено March 30, 2026 16:44
Сподели
Сподели

Регулаторна комисија за енергетика ги намали цените на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто, при што најголемо поевтинување има кај бензините, додека дизелот останува со непроменета цена.

Одлуката стапува на сила од 31 март од 00:01 часот, а како клучна мерка за амортизација на ценовните шокови на светските пазари, Комисијата го намали и трошокот за складирање од 1,70 на 1,20 денари по литар.

Согласно новата одлука, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 2,50 денари и ќе се продава по 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3 денари и ќе чини 85,50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета и изнесува 95,50 денари за литар.

Кај останатите деривати, екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари и ќе се продава по 92,50 денари за литар, додека мазутот поевтинува и ќе изнесува 50,410 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека движењата на светските пазари се различни – бензините бележат пад од речиси 3,8 отсто, додека дизелот и екстра лесното масло имаат раст, што директно се одразува врз домашните цени.

Истовремено, курсот на денарот во однос на доларот е намален за 0,54 отсто, што дополнително влијае врз формирањето на цените.

Регулаторот нагласува дека станува збор за максимални цени, што значи дека трговците имаат можност да продаваат гориво и по пониски цени, оставајќи простор за дополнително намалување на малопродажните цени на пумпите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна судењето за Стојанче, сведочеше мајката на починатата Ивана
Следна Статија Стојанче ги натепал и ги оставил Ивана и Катја ноќе среде пат, сведочи мајката на жената што падна од балкон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 97%. Но, и покрај континуираниот раст, Македонија останува речиси…

March 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кој и како ја пресметува струјата, од ИРМ бараат објаснување од ЕВН

ИРМ бара објаснување од ЕВН кој и како ја пресметува струјата? Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци…

May 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

МФ: Потпишани се договорите со Развојната банка за пласман на 250-те милиони евра за приватниот сектор

Се заокружи постапката за пласман на 250-те милиони евра од унгарскиот заем кон компаниите, соопштија од министерството за финансии. Договорите…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба  и оти државава  и покрај враќањето на ДДВ за…

June 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?