Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојанче ги натепал и ги оставил Ивана и Катја ноќе среде пат, сведочи мајката на жената што падна од балкон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Стојанче ги натепал и ги оставил Ивана и Катја ноќе среде пат, сведочи мајката на жената што падна од балкон
ХРОНИКА

Стојанче ги натепал и ги оставил Ивана и Катја ноќе среде пат, сведочи мајката на жената што падна од балкон

Објавено March 30, 2026 17:31
Сподели
Сподели

Љубица Стојановска, мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска пред судот детално ја опиша ситуацијата што претходела на одлуката за разводот меѓу Ивана и Стојанче Јовановски.

Таа сведочеше за ситуација, каде среде ноќ, на автопат, Јовановски ги оставил својата ќерка Катја и сопругата затоа што Ивана, враќајќи се од свадба во Штип, не се исклучила на точната клучка.

„Ивана направила грешка каде да се исклучи, Стојанче се изнервирал и ги избркал од автомобилот, ја удирал и клоцал. Катја рече: „И мене, бабо, ме удри“. Биле оставени на автопатот во 1 часот по полноќ. Се јави кај Мартин Саздов, пријател на Стојанче, кој ги зема и однесе дома“, сведочеше Стојановска.

Мајката посочи дека и покрај насилството, Катја била искрено приврзана за својот татко и никогаш не изразила агресивност кон него.

Стојановска раскажа и за напад на Ивана во летото минатата година, кога таа влегла во станот за да земе облека и била физички нападната од сопругот, со модринки на рацете и вратот.

Мартин Саздов ја повикал нејзината мајка, која веднаш ја пријавила ситуацијата во полиција. Ивана подоцна била повикана во полициска станица Карпош, каде што биле документирани повредите.

Таа исто така опиша дека Јовановски не дозволувал Ивана да стави тротинет во гепекот на колата, па таа морала да го вози следејќи го автомобилот, како уште еден показател за контролата и стравот кој го чувствувала.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Горивата поевтинуваат, бензинот падна за 3 денари, дизелот останува со иста цена
Следна Статија Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија – ново сведочење на судењето за случајот „Онкологија“

Со сослушување на сведок предложен од Основното јавно обвинителство, денеска продолжи судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија…

October 8, 2025
ХРОНИКА

Охриѓанец измамен поради биткоини за сума од над 700.000 денари

На 26.11.2024 во 11.00 часот во СВР Охрид, 54– годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за…

November 27, 2024
ХРОНИКА

Скопјанец ја убил сопругата, уапсен е на граница при обид за бегство

Полициски службеници од РЦГР Север денеска околу 17 часот го лишија од слобода Н.А.(38) од Скопје на граничниот премин Табановце.…

May 3, 2025
ХРОНИКА

Како преку „Скај“ апликацијата се оддавале тајни на кланот Грчец

Апликацијата Скај е клучниот канал преку кој полицијата успеала да прибави обемен доказен материјалот за случајот против двајцата пензионирани полицајци…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?