Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ракометарите на Вардар имаат нов тренер, доаѓа од Аргентина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ракометарите на Вардар имаат нов тренер, доаѓа од Аргентина
СПОРТ

Ракометарите на Вардар имаат нов тренер, доаѓа од Аргентина

Објавено October 30, 2024 20:50
Сподели
Сподели

Актуелниот селектор на Аргентина, Гиљермо Милано ќе седне на клупата на најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 и најмалку до крајот на актуелната сезона ќе ги предводи „црвено-црните“.

Како што вечерва соопшти двократниот европски првак, „постигнат е договор за соработка до крајот на сезонава, со можност истиот да биде продолжен. На почетокот на следниот месец Милано ќе пристигне во Скопје и ќе ја преземе екипата на Вардар“.

Милано доаѓа на клупата на Вардар 1961 откако од 2021 година е аргентински селектор.

Со репрезентацијата на Аргентина настапи на последните Олимписки игри во Париз, на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска, а го освои златниот медал на Панамериканските игри 2024, совладувајќи го во финалето Бразил.

Во изјава за клупскиот сајт, Милано наведе дека е возбуден од можноста да боде дел од новото поглавје во историјата на Вардар 1961.

Огромна чест е да добиеш повик од еден од најпрестижните тимови во Европа, и ја имав привилегијата да го следам клубот долги години во нивните настапи во Лигата на шампионите. Од Македонија ја покорија Европа со својот нескршлив карактер и борбеност инспирирајќи ги ракометните фанови насекаде. Како што го носам моето 20-годишно искуство со аргентинските репрезентации, исто така се обврзувам да и пристапам на оваа улога препознавајќи го наследството на големите тренери кои беа пред мене. Целосно сум посветен да дадам сè за Вардар, да оставам сè уште на теренот и да придонесам за континуиран успех на тимот“, изјави Милано.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Ноле на имотот во Војводина одгледува лаванда
Следна Статија Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

И покрај поразот од Словенија, македонските ракометарки изборија Европско

Женската македонска ракометна репрезентација и покрај поразот попладнево од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО…

April 12, 2026
СПОРТ

(Видео) Белингем промаши пенал, па погоди во 96.минута за триумф над Валенсија – Винисисус го удри Димитриевски и доби црвен картон

Фудбалерите на Валенсија и Реал Мадрид на „Месталја“ го одиграа натпреварот од 12. коло, кој беше одложен во октомври поради…

January 4, 2025
СПОРТ

Meси има замор на мускулот

На напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, му е дијагностициран мускулен замор во левата нога по медицинските тестови. - Неговото…

May 26, 2026
СПОРТ

„Ти и јас засекогаш“: Сабаленка се вери со Грк

  Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доби предлог за брак од своето момче. Атлетичарката е во врска со грчко-бразилскиот бизнисмен Георгиос…

March 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?