Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, фокус на регионалната соработка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, фокус на регионалната соработка
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, фокус на регионалната соработка

Објавено March 31, 2026 17:28
Сподели
Сподели

 – Доаѓам како пријател кај пријатели, дури и како брат во една братска држава и благодарам поради тоа. Нашите две држави ги поврзува искрено пријателство, заемна почит, а нашите билатерални односи се пример за доброседска соработка во регионот – изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на заедничката прес-конференција во Вила „Водно“ со неговиот домаќин, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Милатовиќ, кој е во официјална посета на државата, нагласи дека двете држави ги поврзува и длабоката историска блискост потврдена со меѓусебна солидарност и поддршка.

– Испраќаме пораки за регионална соработка и добрососедска поддршка. Го цениме фактот дека Северна Македонија беше меѓу првите држави што ја признаа Црна Гора и тоа стана цврст темел за развој на нашите билатерални и диплматски односи – нагласи Милатовиќ.

Уверен е дека во годините што доаѓаат двете земји ќе продолжат да градат односи, кои не се само стабилни на политичко ниво, туку и искрено блиски помеѓу нашите граѓани.

– И токму во таа блискост лежи силата на нашето големо партнерство и пријателство и сигурноста заедно да градиме подобар регион на Западен Балкан и нашата европска перспектива – рече Милатовиќ.

Потенцира дека токму европската перспектива на двете држави зазема посебно место во агендата на двете држави, при што, како што истакна, Црна Гора силно го поддржува европскиот пат на земјата.

– Во нас оваа држава секогаш ќе има сојузник и полна поддршка. Имаме цел да станеме 28. држава членка на ЕУ и со тоа да покажеме дека европската перспектива на овој регион не е само сон, туку и реалност – потенцира Милатовиќ.

На тој начин, рече црногорскиот претседател, ќе покажеме заедно со нашите европски партнери дека европската перспектива на овој регион не е само сон, туку и реалност.

Претседателката Сиљановска-Давкова, од своја страна, истакна дека со колегата потврдиле оти се извонреден пример на регионало добрососедство, добар пример на соработка и внатре во рамките на НАТО, а денешната средба уште повеќе ја зацврствува довербата.

Таа истакна дека заедничка визија е стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, а самитот ЕУ – Западен Балкан, како што рече таа, што ќе се одржи во Црна Гора, е доказ дека прашањето за членство на регионот не е само прашање поврзано за иднината, туку прашање што треба и може да стане реалност.

– Целосната интеграција на Балканот е неопходна за навистина ЕУ да биде заедница што инспирира и што е целосна. Регионалната соработка е не само наша обврска, туку е и право и дека меѓусебната поддршка на земјите од Западен Балкан за мене е императив. Ако не се почитуваме, не се разбираме меѓусебно, сами си го отежнуваме патот кон ЕУ – потенцира Сиљановска-Давкова.

Македонската претседателка на средбата повторно го реафирмирала принципот, што, како што нагласи, не го измислила таа, ниту некој одовде го креирал.

– Тоа се принципите познати како Копенхашки критериуми и, се разбира, повикав и нашето чекорење кон ЕУ да биде во рамките на она што се нарекува европско уставно право бидејќи еден преседан, доколку се храни, ќе отвори или ќе создаде плодна почва и за нови преседани. Значи, повторувам, не постои европско право за малцинства. Во ЕУ има многи големи држави, кои дури не ја потпишале Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Во ЕУ има држави, и тоа повеќето, кои немаат ниту еден збор во Уставот за малцинствата, имаат само антидискриминаторна клаузула дека сите луѓе се еднакви, без оглед на било каква припадност, па и етничката. Она на што инсистирам се еднакви стандарди – рече претседателката.

Вели дека новина за нас, односно нашиот пат кон ЕУ, е изјавата на претседателот на Европскиот совет во Софија, господинот Антонио Кошта, за потребата од гаранции со оглед на неможноста да се предвиди што може да се појави во напредокот надвор од Копенхашките критериуми и надвор од она што ЕУ го утврдила во основниот документ наречен Договор за ЕУ, дека ќе ги почитува националниот и културниот идентитет, дека ќе ги почитува дигнитетот и интегритетот, па дури и уставните и политичките структури на државите и нациите. И тоа е нешто што е обврска бидејќи неисполнувањето на овие услови може да доведе, се разбира, ние не можеме да почнеме таква постапка, меѓутоа кршењето на принципите и вредностите може да бидат основа за поведување постапка пред судот во Луксембург – рече Сиљановска-Давкова.

Според неа, добро е, но и задоцнето, барањето на Вајц од правната служба на Европскиот совет за толкувањето на природата на протоколот, односно на записникот што станал интегрален дел на преговарачката рамка и на заклучоците.

– Мислам дека тоа барање е задоцнето, но секое барање за правна интерпретација е добро. Мислам дека уште при расправата за преговарачката рамка и за заклучоците требало да се води сметка за основните принципи и за вредностите на ЕУ – рече македонската претседателка.

Во контекст на разговорите за економската соработка меѓу Македонија и Црна Гора, таа се согласи со Милатовиќ дека економската соработка мора да се зголеми, особено во секторите на градежништвото, туризмот, енергетиката, а исто така и во повторно отворање на авиолинијата Скопје – Подгорица или Скопје – Тиват.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“.

Потоа следуваше тет-а-тет средба на претседателите, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација.

Во рамките на официјалната беше потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.

Во рамките на посетата на земјата претседателот на Црна Гора утре ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Утре, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Фото МИА 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе игра ли Косово на СП, ќе се знае вечерва?
Следна Статија Ова се најпознатите пенали во историјата на Фудбалот (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, истакна дека јавноста може да биде спокојна и мирна, затоа што темата мигранти и азиланти…

December 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЕНЕС Е ОГНЕНА МАРИЈА: Ова никако не смеете да го правите

Православната црква и верниците на, 30 јули, го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија,…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во образованието да вклучиме и планинарење и да ја афирмираме филозофијата на здрав живот, истакна Силјановска Давкова

Време е да ги следиме инспиративните примери на државите во кои рекреативното планинарење не само што е интегрирано во програмата…

November 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?