Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Го убил, па го подготвил за погреб: Обвинителството со детали за убиството во Гостивар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Го убил, па го подготвил за погреб: Обвинителството со детали за убиството во Гостивар
ХРОНИКА

Го убил, па го подготвил за погреб: Обвинителството со детали за убиството во Гостивар

Објавено April 1, 2026 10:12
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го лишил од живот сопствениот татко. Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го нападнал таткото, удирајќи го со рака и тврди метални предмети се додека не му нанел тешки повреди од кои оштетениот починал.

Веднаш по настанот осомничениот ги прикрил трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризикот од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали Гатузо ќе го исполни ветувањето и ќе се исели од Италија?
Следна Статија Дај 5000 евра или ќе објавам фотографии: Кумановка уценувала сопственик на угостителски објект

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Украл куче па бегајќи го удрил сопственикот со возило

Полицијата во Струмица го привела 57-годишниот С.В. од село Дабиле, кој се сомничи дека вчера околу 19 часот одзел куче…

January 13, 2025
ХРОНИКА

Арсовска нападната во Чаир: „Ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува!“

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска беше физички нападната на Бит Пазар, за време на увид на дивоградба. Инцидентот се случил…

July 11, 2025
ХРОНИКА

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс

Сведочењата на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ даваат многу потресна и детална слика за тоа како се одвивале…

April 9, 2026
ХРОНИКА

Полицајци и пожарникари го пребаруваа теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Полициски службеници и пожарникари попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на Зрновска река каде во местото викано Ѓошевски во кочанското…

March 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?