Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ние сме единствена држава што ги намали цените на горивата минатата недела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мицкоски: Ние сме единствена држава што ги намали цените на горивата минатата недела
Blog

Мицкоски: Ние сме единствена држава што ги намали цените на горивата минатата недела

Објавено April 1, 2026 15:22
Сподели
Сподели

Ние сме единствена држава што ги намали цените, единствена држава во регионот и можеби најдобра во Европа што се однесува до цените на нафтата и нафтените деривати. Од аспект на количини, граѓаните да бидат спокојни, има доволно. Ситуацијата ќе ја следиме и во зависност од неа така ќе реагираме – вели премиерот Мицкоски.

Тој додава дека предизвици ќе има, но, како што нагласува, иако тие не зависат од нас, туку од глобалната состојба, Владата ќе ги согледува навреме и исто така ќе реагира. Апелира да не се создава паника, оти, како што вели, има доволно количини горива во земјата.

Состојбата е под контрола, за разлика од некои минати времиња кога паниката, неспособноста, криминалот и корупцијата беа второ име на некои претходни влади – рече премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Гази Баба.

Нагласи дека Македонија е единствена земја во регионот која оваа недела не ги покачи, односно ги намали цените на горивата е Македонија, дека убедливо имаме најевтини цени на горивата во регионот.

Тоа значи дека ако кај нас безоловниот се движи од 1,33 евроцент за литар до 1,39 евроцент за литар 95- или 98-октански бензин и ако дизелот е некаде околу 1,5 евроцент, да речеме во соседна Албанија и Грција е над 2 евра, во соседна Србија од 1,8 до над 2 евра. Во Косово исто така. Во Германија веќе имаме и до три евра за литар бензин, што е случај и во другите европски земји. Со други зборови, во овој прв месец во историски најголемата нафтена криза по онаа од 1973 година, односно од седумдесеттите години на минатиот век, ние како држава рефлектираме стабилност и сигурност и план да се справиме со овие предизвици – рече премиерот.

Тој уверува дека во овој момент состојбата е стабилна и не гледа апсолутно никаква причина за страв од немање енергенти, воведување какви кризни состојби и во делот на пазарот на електрична енергија и во делот на пазарот на нафта и нафтени деривати.

Што ќе се случува за месец, два, три, пет – не знаеме. Можеме да претпоставиме, да собираме информации, да анализираме и да носиме одлуки. Предизвици ќе има, тоа не зависи од нас, зависи од други фактори во светот, но ние како Влада ќе реагираме исклучиво во интерес на граѓаните – рече Мицкоски.

Во врска со тоа дали Владата ќе ја продолжи мерката за намалување на ДДВ за горивата, тој истакна дека ќе се следат состојбите и оти тоа ќе го направат ако цените почнат да растат.

Доколку видиме дека ќе имаме зголемување на цените на безоловниот бензин и на дизелот, тогаш апсолутно дека ќе ја продолжиме таа мерка сè додека трае кризната состојба. Ако продолжи и понатаму, ќе ја продолжиме и кризната состојба и ќе ја продолжиме повторно мерката и ако повторно ескалира, имаме уште алатки на располагање. Се разбира, акцизите, тука се и акцизите што ни стојат сè уште на располагање – рече премиерот.

Добро, во случајот, според него, е тоа што утрово цената на суровата нафта е намалена на стотина долари за барел.

Значи, имаме благо намалување. Ќе видиме до петок како ќе се одвива сè тоа, па на крајот на краиштата, в петок, кога ќе заврши тргувањето, ќе можеме да знаеме приближно која ќе биде цената што в понеделник Регулаторната комисија би ја донела и врз основа на тоа ќе носиме одлука за време на викендот, ако треба, в недела ќе свикаме вонредна седница на Владата и тоа ќе го направиме, вели премиерот Мицкоски.

Тој појасни дека ЕСМ има на располагање околу 3200 тони мазут коишто државата ги ставила на располагање уште од минатата година.

Може да ги користат, има доволно. Видете, јас на дневна основа не знам дали се повлечени, но можат кога сакаат да ги повлечат доколку имаат потреба, се разбира. Тоа е поврзано со мазутот од аспект на функционирањето на производните капацитети. Тие функционираат. Акумулациите се на некаде приближно над четириесет проценти, што за оваа годината е, да речеме, најмалку двојно повеќе од некои минати времиња. Сега почна и сезоната за наводнување од приближно првата половина на април. Имаме доволно количина вода и за производство на електрична енергија и за земјоделците за наводнување. Деновиве во одредени моменти од денот ЕСМ дури продава на берзи и заработува приближно од 100 до 150 илјади евра на ден. Нема да има поскапување на цената на електричната енергија за граѓаните, така што целата состојба е под апсолутна контрола, рече Мицкоски. Ќе повторам, предизвици ќе има. Дневно ги решаваме. Поголеми предизвици можеби ќе има. Не знам, тоа не зависи од нас, зависи од некои други фактори, ќе повторам во светот, но затоа сме ние Влада да реагираме проактивно, а не реактивно, потенцира Мицкоски.

Во врска со одредени најави за поскапување на лебот и дали барањата на пекарите се оправдани или во прашање е злоупотреба на кризна состојба, то истакна дека како Влада ја анализираат состојбата и оти денеска во текот на денот ќе има состанок на оваа тема.

Ќе го видиме инпутот и ќе видиме дали навистина на тој инпут којшто тие го декларираат навистина има потреба од такво зголемување. Доколку има потреба, тогаш ќе кажеме, да, има потреба и ќе преземеме мерки, а доколку нема потреба, тогаш за тие коишто девијантни и непазарно се однесуваат ќе бидат изречени глоби, вели премиерот.

Прашан за извештајот на ММФ и нивните прогнози за поголема инфлација од онаа што ние како земја сме ја планирале премиерот Мицкоски истакна дека сè уште не го видел тој извештај.

Но, она што е факт е дека во 2024 година по економскиот раст бевме во горната половина во Европа, а во 2025 година во првите пет земји во Европа. Јас очекувам тој континуитет да биде и оваа година, бидејќи апсолутно по сите параметри имаме раст и по туризам и по земјоделски производи и по потрошувачка и по обемот на трговијата, но и по реализација на капитални инвестиции… Тоа е прво. Второ, ние никогаш не рековме дека инфлацијата ќе биде под 2 проценти, туку помеѓу два и три отсто. И јас тоа сум го кажувал многу пати во моите изјави, рече Мицкоски.

Потсети дека во јануари таа била 3,1 процент, а во февруари паднала под три отсто односно била 2,9 проценти и била една од најниските стапки на инфлација во Европа и многу пониска од Грција, Бугарија, Србија, Романија, Словачка, Хрватска …, како што рече, рамо до рамо со Словенија и други земји членки на Европската унија.

Во врска со тоа дали ќе бидат преземени мерки за спречување на порастот на цените на производите Мицкоски појасни дека на терен е Државниот пазарен инспекторат и оти 30 тимови ја следат состојбата.

Имаме индикатори, имаме анализа. Имав состанок и со директорката од Комисијата за заштита на конкуренција. Го подготвуваме новиот закон во којшто се предвидени многу поголеми глоби за оние трговци коишто ќе се однесуваат девијантни и непазарно и во зависност од тоа каква ќе биде реалноста, така и ќе и ќе постапуваме, истакна премиерот Мицкоски, кој денеска беше во Гази Баба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Унгарскиот репрезентативец Доминик Мате потпиша за Охрид
Следна Статија Саздов просведочи за кобниот момент: Ја видов Ивана како стои со Катја на тераса, одма сфатив што ќе направи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Електричните автомобили не се толку едноставни како што изгледаат, колку чинат „чувствителните“ делови?

Времето на асимилација заврши и електричните автомобили почнуваат да личат повеќе на обични автомобили. Иако се вели дека се лесни…

August 3, 2025

‘Flow’ dramatically improves Android voice typing without replacing Gboard – 9to5Google

Voice-to-text on Android is really good if you’re using a Pixel, and pretty hit or miss everywhere else. But the...

February 24, 2026
Blog

Цената на биткоинот нагло падна

Цената на биткоинот во неделата навечер падна под 79.000 долари додека инвеститорите се подготвуваат за продолжување на нестабилноста на глобалните…

April 7, 2025
Blog

Русија ја престигна Германија и стана најголем производител на пиво во Европа

Германија е најголемиот производител на пиво во Европа со години, но сега мораше да ѝ ја отстапи титулата на Русија.…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?