Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Ќе ги известам сите евроамбасадори во земјава дека премиерот го блокира европскиот пат на земјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Ќе ги известам сите евроамбасадори во земјава дека премиерот го блокира европскиот пат на земјата
ПОЛИТИКА

Филипче: Ќе ги известам сите евроамбасадори во земјава дека премиерот го блокира европскиот пат на земјата

Објавено April 1, 2026 17:23
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, информираше дека денеска официјално упатува писмо до европските институции и меѓународните партнери поради, системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија и стратешката саботажа на македонската интеграција.

„Ние спремивме писмо официјално, јас денеска сакам да ги известам сите евроамбасадори во земјава, високите функционери на Европската унија, Европската комисија, Советот и на НАТО врска со системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија благодарение на изјавите и најавите на премиерот Христијан Мицкоски“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека станува збор за сериозен и намерен процес на блокирање на европската перспектива на државата.

„Ова е намерен обид да се онеспособен од остварувањето на стратешката цел за интеграција додека истовремено се саботира и фундаменталниот интерес за евроатланска заедница за брза интеграција Северна Македонија во Европската унија.“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди дека актуелната власт свесно ја оттурнува државата од ЕУ и ја носи во изолација.

„Премиерот Христијан Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси. Денеска потврди дека не сака во ЕУ и дека ќе ја држи во изолација далеку од Европа. Тоа значи дека нема никакви реформи, тоа значи дека нема никаква контрола од Европа и тоа според него ќе трае ако треба и децении.“ рече Филипче.

Ваквата политика има директни последици за граѓаните и идните генерации, додаде Филипче.

„Тој сака да ги држи како заложници идните генерации, децата, сите граѓани, зошто? За да без контрола преку тендерите прават грабеж на народните пари.“

Филипче истакна дека членството во НАТО и ЕУ е суштински дел од македонскиот национален интерес.

„Македонски национален интерес е членството во НАТО и ЕУ. Затоа што во НАТО успеавме да ја обезбедиме безбедноста на земјава на нашите граници.“

На крајот, Филипче повика на широка општествена мобилизација за зачувување на европската иднина на државата.

„Ќе се спротивставиме на овие намери… со силна партиска активност, обединување на фронтот за евроинтеграција… затоа што не смееме да дозволиме да ја пропуштиме оваа историска шанса. Иднината на земјата е ставена под внатрешен со на влада на ВМРО-ДПМНЕ.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Клиниката за гастроентерохепатологија воведени две нови процедури со кои ќе се скрати времето во болница и ќе се овозможи попрецизна дијагностика
Следна Статија Поштенска марка во чест на подвигот на Сашко Кедев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски од Брвеница: На 2 ноевмри да гласаме за број 9 за сите кои работат за иднината на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даде изјава од Брвеница, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова 7 години беше одговорна за животната средина и не направи ништо

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, повторно излегува со празни ветувања. „СДС, Заев…

September 11, 2025
ПОЛИТИКА

Касами против Дехари: Дали ги омекна ставовите за Кичево откако Мицкоски го “искара“?

Билал Касами од ВЛЕН во интервју за Алсат ја коментираше реакција на премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговата изјава…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Јавното обвинителство да не се осмелува да го штити Филипче и да отвори истрага за него за Модуларната во Тетово

Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?