Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Франција до Трамп: НАТО служи за евроатлантска безбедност, а не за офанзивни мисии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Франција до Трамп: НАТО служи за евроатлантска безбедност, а не за офанзивни мисии
СВЕТ

Франција до Трамп: НАТО служи за евроатлантска безбедност, а не за офанзивни мисии

Објавено April 1, 2026 21:24
Сподели
Сподели

Франција возврати на заканите на претседателот Доналд Трамп дека ќе ги повлече САД од НАТО, истакнувајќи дека воениот сојуз е создаден за обезбедување на безбедноста во евроатлантската област, а не за започнување офанзивни операции во Ормускиот Теснец, пренесува Ројтерс.

Како што пишува агенцијата, францускиот претседател Емануел Макрон предложи да постои рамка на Обединетите нации за каква било акција во Ормускиот теснец — витална артерија за глобалните снабдувања со нафта, која Иран практично ја затвори — и рече дека меѓународните напори можат да се случат само кога ќе се смират непријателствата, ќе се консултираат осигурителните и транспортните компании и ќе се добие согласност од Иран.

„Да ве потсетам што е НАТО. Тоа е воен сојуз кој се занимава со безбедноста на евроатлантскиот регион. Тој не е создаден за да спроведува операции во Ормускиот теснец, што би претставувало прекршување на меѓународното право“, изјави помладата министерка за армијата на Франција, Алис Руфо на конференција во Париз.

Руфо, која е блиска соработничка на Макрон и беше една од неговите водечки дипломати, рече дека разбира оти Американците се незадоволни од одбивањето на Франција да се приклучи на коалиција за итно деблокирање на теснецот.

Но Париз, како што додаде, претпочита да работи на план за обновување на транзитот и слободата на пловидба со средства „кои не се од офанзивна природа“.

„Го разбирам ова незадоволство, но не зборувам во име на Соединетите Американски Држави“, рече Руфо.

„Зборувам во име на земја која е основачка членка на Атлантската алијанса (НАТО) и на Европската Унија, и која во изминатите 20 години вели дека Европејците мора да преземат поголем дел од одговорноста за колективната одбрана во Европа“, дополни таа.

Франција го налути Трамп вчера откако му одби на Израел користење на својот воздушен простор за транспорт на американско оружје за војната во Иран, изјавиле извори за Ројтерс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Главчев поднесе кривична пријава против Јанева, Рустеми и Стефанова:Тврди дека му барале поткуп од милион евра
Следна Статија Разбојници украле 12 тони чоколади „КитКет“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме…

March 8, 2025
СВЕТ

Трамп укинува 90 отсто од договорите за странска помош на УСАИД

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп соопшти дека укинува повеќе од 90 отсто од договорите за странска помош на Американската…

February 27, 2025
СВЕТ

Ел Менчо падна поради жена

Мексиканската инфлуенсерка Марија Хулис  била во врска со нарко-босот Ел Менчо.Таа последна била видена во друштво на Немесио Осегера Сервантес,…

February 25, 2026
СВЕТ

Зеленски: Утре нови преговори со Русија, можно е планирање средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека следната рунда мировни преговори меѓу Киев и Москва е закажана за утре и дека…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?