Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВО ЖИВО) „Артемис 2“ ја напушта Земјината орбита и се упати кон другата страна на Месечината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВО ЖИВО) „Артемис 2“ ја напушта Земјината орбита и се упати кон другата страна на Месечината
СВЕТ

(ВО ЖИВО) „Артемис 2“ ја напушта Земјината орбита и се упати кон другата страна на Месечината

Објавено April 3, 2026 13:02
Сподели
Сподели

„Артемис 2“ ја напушта Земјината орбита и се упатува кон другата страна на Месечината

Мисијата „Артемис 2“ е првиот чекор во американската лунарна програма чија цел е да човечки екипаж да слета на површината на Месечината во 2028 година, како дел од планираната мисија „Артемис 4“.

Вселенското летало ќе ги однесе астронаутите приближно 406.000 километри од Земјата, што се очекува да биде најдалечното човечко патување досега.

Претходниот рекорд – 330.000 километри – го држеше екипажот на „Аполо 13“ во 1970 година.

Четирите астронаути на мисијата „Артемис 2“ ја напуштија Земјината орбита откако нивното вселенско летало „Орион“ го запали својот главен мотор за последен поход кон Месечината.

Петте минути и 55 секунди од работата на моторот, познато како транслунарна инјекција (TLI), поминаа „беспрекорно“, рече Лори Глејз од Американската вселенска агенција (НАСА).

„Воодушевена сум што објавувам дека луѓето ја напуштија Земјината орбита за прв пат од „Аполо 17“ во 1972 година“, додаде таа.

Во пренос во живо од вселенското летало, Џереми Хансен го сподели возбудувањето.

„Човештвото уште еднаш покажа за што се способни луѓето“, рече Хансен, првиот неамериканец што леташе на Месечината.

„Артемис 2“ сега е на кружна патека што ќе го однесе екипажот до другата страна на Месечината и назад.

Се очекува патувањето околу Месечината да трае приближно 10 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Внукот на Слободан Милошевиќ нема контакт ниту со тетката ниту со полусестрата
Следна Статија Во март помалку приговори за „Безбеден град“ во однос на февруари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Лесно можеме да го отвориме Ормускиот Теснец, да ја земеме нафтата и заработиме богатство

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД би можеле „лесно“ да ја отворат Ормуската Теснина, што, како што рече,…

April 3, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост, 22 повредени

Најмалку 22 лица се повредени, а тројца се во сериозна состојба откако брод за обука на мексиканската воена морнарица се…

May 18, 2025
СВЕТ

Новата Влада на Германија планира преполовување на бројот на работни мигранти од Западен Балкан

Коалицијата планира и ограничување на регулативата за Западен Балкан, која досега дозволуваше до 50.000 неквалификувани работници годишно да доаѓаат во…

April 10, 2025
СВЕТ

Сите ја плаќаме цената на иранските напади, дури и мојот син двапати ја откажа својата свадба, изјави Нетанјаху

„Целиот израелски народ ја плаќа цената“ се пожали израелскиот премиер по верашниот ирански напад во кој беше погодена болница давајки…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?