Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Личната карта и возачката ќе бидат достапни на мобилен телефон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Личната карта и возачката ќе бидат достапни на мобилен телефон
МАКЕДОНИЈА

Личната карта и возачката ќе бидат достапни на мобилен телефон

Објавено October 31, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Со супер апликацијата за мобилни услуги ЕЛИ се движиме кон револуционерна демократизација на јавните услуги, вели заменик министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски.

Со оваа апликација ќе се отвори можност за воведување на ИД – паричник, дигитална верзија на личните карти и на возачките дозволи со кои граѓаните ќе се идентификуваат при користење на дигиталните услуги преку својот мобилен телефон, а истата ќе биде поврзана и со порталот uslugi.gov.mk – рече Варџиски на состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ, во рамки на втората тема посветена на „Дигитална транзиција, особено во локалните и регионални јавни услуги“.

Апликацијата ЕЛИ се изработува преку програмата „Дигитална Европа“, за изработка на мобилна апликација за мобилни услуги.

– Формирањето на Министерството за дигитална трансформација е стратешки чекор кој ја потврдува определбата на Владата да ја постави дигитализацијата како еден од своите највисоки приоритети. Нашиот пристап е ориентиран кон потребите на граѓаните и токму затоа со интегриран систем сакаме да го олесниме пристапот на корисниците до онлајн услугите за граѓаните, до информациите поставени на официјалните веб-страни на министерствата и на Владата, како и да ја забрзаме и подобриме размената на податоци помеѓу институциите – рече Варџиски.

Работиме на создавање единствена централизирана и унифицирана платформа на владини веб-страници, додаде тој, кои ќе бидат заштитени преку еден софистициран систем, ќе бидат оптимизирани и со поголема пристапност за лицата со попреченост.

– Наскоро ќе следи и редизајн на порталот uslugi.gov.mk, согласно последните трендови и практики, со тенденција да стане единствена точка помеѓу јавните услуги во државата и граѓаните, а притоа да биде интуитивен и лесен за употреба – истакна Варџиски.

Со отворање на нови центри за услуги на повеќе локации, додаде заменик-миистерот, услугите кои се достапни на порталот uslugi.gov.mk ќе бидат уште поблиску до граѓаните и на дофат на оние кои немаат техничка можност и вештини самите да го користат порталот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За еден ден заработила 9,2 милиони евра, ги продала акциите во „Македонијатурист“
Следна Статија Кривична пријава против поранешната министерка за култура за Универзална сала

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сончево и топло, со температури до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од…

July 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, најави интензивна работа на…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вреди пред обединувањето во една партија: Не се појавивме случајно, туку како одговор на потребата на Албанците за промена

ВЛЕН не се појави случајно. Се појави како одговор на потребата на Албанците за промена, за чесно претставување и за…

April 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Eрдоган доаѓа во Македонија

Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој…

March 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?