Женската македонска ракометна репрезентација ги почна подготовките за претстојните два (последни) натпревара од квалификациите за Европското првенство. Селекторот Кристијан Грчевски повика 20 ракометарки за двата дуела, а повторно на списокот ја нема Сара Ристовска, која е во процес на рехабилитација.
Македонската репрезентација со победата над Белгија во Куманово (33:28) го обезбеди третото место во групата и на тој начин останува со шанси за пласман на завршниот шампионат.
Германија е актуелен светски вицешампион, а воедно и лидер во групата со макесимални осум бодови.
Натпреварот со Германија македонските ракометарки го играат на 8.април (среда) во Скопје (СЦ Борис Трајковски) од 18 часот, а потоа останува и последното коло на гостински терен против Словенија во Велење
