Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето
ЗДРАВЈЕ

Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

Објавено April 7, 2026 13:55
Сподели
Сподели

Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави загрижувачки извештај кој директно посочува дека програмите за рана детекција на малигни заболувања во земјава не ги даваат очекуваните резултати. Ревизијата, која го опфаќа периодот од 2021 до 2024 година, покажува дека опфатот на скринингот е далеку под европските стандарди, што резултира со доцно откривање на болеста кај најголем дел од жените.

Според податоците од ДЗР, во анализираниот период направени се вкупно 20.946 скрининг-мамографии кај жени на возраст од 40 до 69 години. Што се однесува до ракот на грлото на матката, од 2022 до 2024 година, земени се 130.093 ПАП-тестови од жени на возраст од 21 до 59 години.

Сепак, овие бројки претставуваат само мал дел од целната популација. Опфатот на скринингот на рак на дојката се движи од мизерни 0,8 до 5,4 отсто, додека кај ракот на грлото на матката тој изнесува од 10,3 до 15,5 отсто.

„Со постојниот опфат не може да се очекува доволен ефект во раното откривање на болеста, бидејќи тој е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг“, децидни се ревизорите.

Најстрашниот податок во извештајот е фактот дека поради неефикасниот скрининг, дури 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста.

Дополнителен проблем што го нотира ДЗР е неможноста прецизно да се оцени одѕивот на поканетите жени, бидејќи институциите не водат целосна евиденција колку покани биле испратени, а колку жени реално се појавиле на преглед.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Уставните измени не се ризик, блокадата на европскиот пат е ризик
Следна Статија Падна пресудата за Лидија Димова: Апелација го врати случајот на почеток

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Се вработуваат над 950 лекари, болничари, сестри и психолози

Министерството за здравство информира дека од именувањето на министерот Азир Алиу на 9 јуни, започнал интензивен процес за засилување на…

July 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Дамческа: Повеќе од одбележување, стратегии, идеи, борба, живот!

Индикаторите поврзани со детското здравје се показатели за степенот на здравствен и економски развој на едно општество, на една заедница.…

November 17, 2024
ЗДРАВЈЕ

Холестеролот не доаѓа од плескавиците и ќебапите

Познат професор открива која намирница е смртоносна за црниот дроб и дали треба да се јаде маст! Еден професор доктор…

February 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Одобрено обвинението за фиктивни тендери и присвоени лекови на Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра

Кривичниот суд го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, за…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?