Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел
ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел

Објавено April 13, 2026 18:12
Сподели
Сподели

Цените на нафтата на меѓународните пазари денес пораснаа и се приближија до 102 долари за барел, поради загриженоста на инвеститорите дека американската поморска блокада на Иран ќе го намали снабдувањето од регионот околу Персискиот Залив.

На лондонскиот пазар, со нафта се тргуваше по цена повисока за 6,65 долари во однос на затворањето од минатата недела, при што пазарите беа потресени од најавите за американските мерки против иранската нафта.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја најави поморската блокада по неуспешните преговори во Исламабад, што дополнително ги зголеми стравувањата од ескалација на конфликтот и нарушување на глобалните енергетски текови.

Во извештаите се наведува дека американските поморски сили би можеле да воспостават контрола во Оманскиот Залив и Арапското Море, со што би бил ограничен поморскиот сообраќај поврзан со Иран.

Техеран ја оцени ваквата блокада како „пиратство“ и предупреди дека ќе одговори доколку неговите пристаништа бидат загрозени, што дополнително ги зголемува тензиите во регионот.

Според податоците од пазарните анализи, испораките на иранска нафта продолжуваат, но инвеститорите стравуваат дека новите мерки би можеле значително да ја нарушат глобалната понуда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маѓар: Унгарскиот народ одлучи да припаѓа на ЕУ и НАТО
Следна Статија Прилепчанец се возел во Неготино со над три промили алкохол во крвта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата

Секој предлог е добредојден, но мора да има анализи за стопанскиот раст и што може да поднесе државниот буџет, изјави…

January 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

ByteDance планира вложувања од 23 милијарди долари во вештачка интелигенција за да остане конкурентен

Сопственикот на TikTok подготвен да ги зголеми капиталните трошоци во следната година за да изгради подобра инфраструктура за вештачка интелигенција

December 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Митева: Оперативниот план за вработување низ девет стратешки и добро темпирани мерки ќе допре до над 16.000 граѓани

Оперативниот план за вработување за 2025 година не е уште еден документ – тој е одговор на едно суштинско прашање:Како…

May 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесува за постепено намалување на инфлацијата

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка,…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?