„Менса Македонија“ организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови. Тестирањето ќе се одржи в недела (19 април) од 11 часот на Американскиот универзитет на Европа (поранешен ФОН).
– Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International и резултатите се тајни. Доколку вашиот резултат е во горните 2 отсто од светската популација, стекнувате право да станете член на „Менса Македонија“, а со тоа и на Mensa International – соопшти „Менса Македонија“ – организација на луѓе со натпросечна интелигенција.
Пријавувањето е на линкот: https://forms.gle/ypexLGKhoMQPccPc9. Кандидатите е потребно да имаат полни 16 години и да уплатат 600 денари. Сите крводарители, ученици и студенти имаат 50 отсто попуст, односно треба да уплатат 300 денари.
Од претходното тестирање треба да се поминати најмалку шест месеци и кандидатите претходно да не се тестирале повеќе од двапати.
Во ФБ-објавата на „Менса Македонија“ се наведени повеќе детали за условите и начинот на пријавување за тестирањето.
