Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Татјана Димитровска во судница кажа дека не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Татјана Димитровска во судница кажа дека не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
МАКЕДОНИЈА

Татјана Димитровска во судница кажа дека не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари

Објавено April 14, 2026 15:25
Сподели
Сподели

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска пред судот рече дека ја разбира содржината и не го признава делото и не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари – одавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

„Сметам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета“,рече Димитровска.

Димитровска при произнесувањето пред судот рече дека сега е вработена во Државниот завод за ревизија како помошник на државниот главен ревизор.

Димитровска е обвинета за две кривични дела – одавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, како и за компјутерски фалсификат, односно дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации.

Покрај Димитровска, на обвинителната клупа седнаа и ревизорот Столевски, како и Билјана Петровска-Мантева, која се товари за одавање службена тајна.

Билјана Петровска-Мантева, сега вработена во АД „Електрани на Македонија“, подружница ТЕЦ „Неготино“, како самостоен референт за плаќање на денешното судење рече дека го разбира обвинителниот предлог и дека не се чувствува виновна за делото што ѝ се става на товар.

Миле Столевски, вработен во Државниот завод за ревизија како виш ревизор, изјави дека го разбира обвинителниот предлог и дека не се чувствува виновен за кривичното дело што му се става на товар.

По произнесувањето вина, Јавното обвинителство продолжи со изведување материјални докази читајќи и презентирајќи потврди за извршени претреси и одземени предмети кај обвинетите.

На почетокот на денешното рочиште одбраната на Татјана Димитровска, адвокатот Владимир Туфегџиќ се произнесе по доставен поднесок до судот, со кој, како што рече, одбраната на Татјана Димитровска бара јавниот обвинител да го повлече обвинението од причина што по доставената листа на докази, одбраната се обратила со барање до ДКСК да се произнесе по четирите предмети по кои се товари Татјана и е доставено известување дека седниците се пренесувани јавно и се достапни и во овој момент и на нив биле елаборирани сите документи и докази што Јавното обвинителство ѝ ги става на товар на обвинетата за оддавање државна тајна.

„Ниеден документ, кој бил предмет на расправа на јавна седница, немал класификација службена тајна“,рече Туфегџиќ.

Обвинетата, како што рече Туфегџиќ, не оспорува дека имало комуникација со Миле, а таа била во насока на пополнување на апликацијата што ѝ се става на товар. Одбраната, нагласи Туфегџиќ, смета дека нема елементи на кривично дело зашто тоа не е забрането по закон, ниту е јасно дефинирано пополнувањето на апликацијата.

Јавната обвинителка Наташа Поп-Трајкова, по ова, го замоли судот да укаже на одбраната дека е недозволено да се упатуваат коментари кон Јавното обвинителство пред излагањето на јавниот обвинител по листата на докази.

„Од тие причини ЈО го задржува правото да се произнесе по листата на докази доставени од одбраната во моментот кога одбраната ќе почне со изведување на доказите и Обвинителството ќе се произнесе по неа по предложените докази. Сметам дека судот треба да продолжи со постапката на произнесување по обвинителниот предлог“,изјави Наташа Поп-Трајкова.

Следното рочиште за случајот е закажано за 16 април.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Италијанските новинари повторно ќе стапат во штрајк, еве што бараат
Следна Статија ЕХФ ги суспендираше Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

СДК: Не сакаат да бидат овчари ни за 2.000 евра

Во најнеопходната сезона на одгледување на овците, пред и по нивното прво и второ објагнување, или во период од шест…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хаос на Богородица и Евзони, на граничните премини се чека со часови

Почетокот на летната туристичка сезона и викендот повторно создадоа големи гужви на граничните премини Евзони и Богородица, каде што илјадници…

June 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски верува дека за разумно време јавноста ќе биде сведок на целосно разоткривање на случајот…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес по полноќ ја стресе Македонија

Земјотрес со локална магнитуда од 3,0 степени според Рихтеровата скала ноќеска во 00:06 часот е регистриран во тетовско-гостиварското епицентрално подрачје,…

June 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?