Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Имам чувство дека набргу ќе се гонат високи функционери од претходната влада на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Имам чувство дека набргу ќе се гонат високи функционери од претходната влада на СДСМ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам чувство дека набргу ќе се гонат високи функционери од претходната влада на СДСМ

Објавено April 15, 2026 14:39
Сподели
Сподели

Немам информации, но имам чувство дека високи функционери од претходната влада на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), како поранешни премиери и нивни блиски од семејствата, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Ова денеска го рече премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на новиот возен парк на „Пошта“ како одговор на новинарско прашање за ставовите на опозициската СДСМ во врска со одговорноста на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во ноември 2018 година избега за Будимпешта, каде што доби политички азил.

Мицкоски посочи дека во државата мора да постојат еднакви услови за сите, без разлика дали станува збор за сегашни или поранешни високи функционери.

„И тука не треба да има никаква дилема, барем додека е оваа влада и додека сум јас премиер“,рече тој.

Потоа упати критика кон опозицијата дека не покажува доволна самокритичност и порача дека доколку сака да биде кредибилна алтернатива, треба јавно да го повика поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, да се врати во земјата и да се соочи со правдата.

„Она што загрижува е фактот дека од опозицијата сè уште не ја научија лекцијата и сè уште живеат во оној свој паралелен свет, па никако не можете да слушнете, да речеме, да го повикаат Васко Ковачевски да се врати во земјата и да се соочи со правдата. И се чудам зошто на нивните прес-конференции, доколку сакаат и планираат да бидат реална алтернатива на оваа влада, не можете да го сретнете името на Васко Ковачевски, и да го повикаат исто така да се врати и да се соочи со правдата“,вели Мицкоски.

Очекува опозицијата да покаже ист степен на критичност и во случаи кога поранешни функционери од нивните редови би биле опфатени во одредени прогони, предмет на истраги или судски постапки, односно и тогаш да излезат на прес-конференции и да ги повикаат на одговорност.

„Очекувам од истата оваа опозиција да се однесува вака критички, како што сега се однесува, кога имам чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на влада, нивни блиски од семејствата итн, ќе бидат опфатени во одредени прогони. Имам чувство, не велам дека има информација, имам чувство. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес-конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку ќе ги повикаат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност“,рече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев: Се залагал за македонската кауза и соработувал со Марија Кири
Следна Статија „Пошта“ доби 100 нови возила – се забрзува испораката на пратките

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мајката на загинатиот Томас во „Пулс“: Живееме за да одиме на гробишта да си помуабетиме со нашите деца, правда мора да има

Јулија Златкова, мајка на Томас Златков кој имаше 22 години и загина во дискотеката „Пулс“, испрати порака до правораздавачите. Со…

April 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пуштен е во употреба клон од детска градинка и спортска сала во Штип, продолжуваме посветено да работиме

Задоволство е денеска да се биде овде Штип. Сепак три проекта се значајни за квалитетот на живот на штипјани, изјави…

January 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Божикна пештера на плоштад Македонија – Пренеси ја божиќната радост до секое срце!

На плоштадот „Македонија“ вчера е поставена Божикна пештера – уметничко дело кое ги обединува традицијата, верата и уметноста. Пештерата, претставува…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Зејд: Слобода на говор е да кажам дека мојата земја е Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница повтори дека Македонија е неговата земја и дека секогаш ќе биде, и дека…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?