Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Пошта“ доби 100 нови возила – се забрзува испораката на пратките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Пошта“ доби 100 нови возила – се забрзува испораката на пратките
ЕКОНОМИЈА

„Пошта“ доби 100 нови возила – се забрзува испораката на пратките

Објавено April 15, 2026 15:24
Сподели
Сподели

„Пошта на Република Македонија“ доби 100 нови возила, инвестиција што треба да ја подобри ефикасноста на поштенските услуги. Од нив, 90 се мали комерцијални возила или популарно наречени пикапи, а 10 се големи комерцијални возила или комби.

На денешната промоција на новите возила присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на „Пошта“, Орхан Куртиши. Заедно посочија дека обновата на возниот парк е неопходна, имајќи ја предвид застареноста на постојните возила, со цел непречено извршување на основната дејност – обезбедување универзална поштенска услуга.

Инвестицијата за новите возила е вредна околу два милиони евра.

Директорот на „Пошта“, Орхан Куртиши, рече дека недостигот на транспортните возила бил проблем што создавал предизвици во извршување на задачите.

„Со оваа поддршка значително ја подобруваме поштенската инфраструктура, олеснувајќи го извршувањето на поштенските услуги, побрзо и поефикасно“,рече тој.

Кога ја презел функцијата, во магацинот на „Пошта“ имало 600 000 неподелени пратки, кои за една недела се реализирани до граѓаните. Сега, како што додаде, нема ниту една пратка што стои во магацин.

Според него, превозот бил еден од клучните проблеми, нешто што ќе биде надминато со новите возила.

Во одговор на новинарско прашање, Куртиши рече дека во институцијата имало 37 отсто администрација и додаде дека веќе се работи на процес на нејзино намалување. Посочи и дека во установата имало и фиктивни вработувања, нешто што веќе не е случај.


Николоски посочи дека оваа институција била заборавена од претходната влада, за која се спремала физибилити студии за продажба и за приватизација.

„Како резултат на тоа, претходниот генерален секретар на Владата беше правосилно осуден, а за други се водат судски постапки“,рече тој.

Во описот за новите возила, рече дека малите се со носивост од 750 килограми, додека големите се со носивост од 1 800 килограми, кои, како што додаде, ќе помогнат во забрзувањето на доставувањето на пратките, што е основната дејност на „Пошта“.

При набавката, според него, е постигната значителна финансиска заштеда од над 400 000 евра, односно преку електронска аукција цената била намалена за 25 милиони денари во однос на првично проценетата вредност.

Како што појасни, од иницијално предвидени 130 милиони денари без ДДВ, конечната цена изнесува 104 милиони денари без ДДВ, што, според него, ја прави оваа набавка најповолна од ваков тип во државата.

„Просечната цена по возило се движи меѓу 15 000 и 16 000 евра, што е значително пониско од пазарните вредности“,рече Николоски.

Според него, „Пошта“ е единствената институција која врши универзална услуга, што значи без разлика дали се работи за најголема пратка или за најмало писмо, кое од Скопје треба да стигне во најмалото село во државата.

Дополнително, додаде дека се планира набавка на нов софтвер и современа сортирка, која, според најавите, ќе биде единствена во регионот и ќе овозможи „Пошта“ да стане една од најмодерните поштенски институции во регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Имам чувство дека набргу ќе се гонат високи функционери од претходната влада на СДСМ
Следна Статија (ВИДЕО) Ново пукање во училиште во Турција: Неколку мртви, десетици повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР: Прво ќе има јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави  намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава,…

April 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса којашто се одржа на Економскиот факултет во Осиек, во рамките…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кон крај на јуни и на почеток на јули ќе почне изградба на ветерниот парк кај Штип кој ќе произведува електрична енергија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува странските директни инвестиции до крајот на годинава да надминат вредност поголема од една милијарда евра, со…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката. Како што изјави денеска техничкиот дриектор…

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?