Силувана 20-годишна девојка, уапсен партнерот

Полицијата уапсила 27-годишен жител на струмичко заради сомневање дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село со која живее во вонбрачна заедница, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според информацијата, осомничениот бил уапсен вчера во 18:45 часот и бил задржан во Полициската станица во Струмица.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица и по документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели ја оваа статија