Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чеферин денеска во посета на ФФМ, средби и со државниот врв
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Чеферин денеска во посета на ФФМ, средби и со државниот врв
СПОРТ

Чеферин денеска во посета на ФФМ, средби и со државниот врв

Објавено April 16, 2026 13:04
Сподели
Сподели

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на покана на првиот човек на македонскиот фудбал Масар Омерагиќ.

Посетата, како што е соопштено, „претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво“.

„ФФМ е високо ценета во рамки на европското фудбалско семејство, а присуството на Александар Чеферин дополнително ја нагласува поддршката за развојните процеси во македонскиот фудбал“, се наведува во соопштението на „Куќата на фудбалот“.

Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА.

Според агендата, Александар Чеферин, ќе биде примен од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, а ќе има средба и со министерот за спорт Борко Ристовски, по што ќе следува состанок во „Куќа на фудбалот“.

Фокусот на разговорите е ставен на идните насоки за унапредување на фудбалот во Македонија, од реализација на значајни инфраструктурни проекти, до дополнителен развој и поддршка на младинските категории.

„Александар Чеферин важи за голем пријател на македонскиот фудбал, а неговата посета е јасна потврда за заложбите на ФФМ и претседателот Омерагиќ во континуираниот развој и афирмација на фудбалот во земјата. Дополнително, посетата се очекува да придонесе за продлабочување на соработката преку нови конкретни проекти и иницијативи под капата на УЕФА, со цел создавање подобри услови за развој на фудбалот на сите нивоа“, се наведува во соопштението

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поради небезбедна храна пред Велигден изречени глоби од над 19 илјади евра
Следна Статија Се зголеми бројот на убиени во масакрот во училиште во Турција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Пред 35 години ја рушеше Југославија, сега ќе биде на чело на Динамо

Звонимир Бобан е блиску до враќање во Динамо, прашање е само во кое својство. Легендарниот фудбалер пред неколку дена потврди…

April 15, 2025
СПОРТ

СЕНЗАЦИЈА: Финска ја елиминира Србија од ЕП

Кошаркарската репрезентација на Србија важеше за прв фаворит за златото, но ги заврши настапите на Евробаскетот уште во осминафиналето, со…

September 7, 2025
СПОРТ

ФФМ ја казни Шкендија пет меча без публика

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните…

April 5, 2025
СПОРТ

Гатузо утре ќе биде отпуштен?

- Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, ќе ја напушти својата функција, објави инсајдерот Фабрицио Романо. На 31 март, Италијанците…

April 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?